Мајки ги имитираат своите ќерки додека прават селфи
Веројатно ви се случило да се чудите на новите генерации кои мораат постојано да го имаат својот паметен телефон во раце, во некои чудни агли и да се фотографираат најмалку 100 пати.
Некои решиле да се пошегуваат на нивна сметка.
Погледнете ги овие мајки кои се обидуваат да направат успешна селфи фотографија како нивните ќерки.
Резултатите се подобри од очекуваното, а за да ги направат што е можно подобро, тие ги користат истите облеки и додатоци кои ги имаат нивните ќерки на фотографиите.
Магијата се случува и излегува дека мајките се селфи кралици!
Додека ги правеле фотографиите тие ги кажувале истите работи кои многу од нас, додека прават селфи слики ги помислуваат : „Многу слики направив“, „Оваа е многу добра“, „Помогнете ми при изборот“.
Додека луѓето од тимот зад оваа фотосесија биле воодушевени, нивните ќерки не се согласиле.
Погледнете го целото видео:
М. Д. | Црнобело