Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зголемете ја довербата со вашето дете преку игра

Во периодот на предучилишна возраст децата се многу чувствителни и реагираат на најситна лага на своите родители, дури и купувањето на друго чоколадо, а не на ветеното може да предизвика чувство на измаменост кај малото дете.

zgolemete-ja-doverbata-so-vaseto-dete-preku-igra-01

Во предучилишниот период децата почнуваат подобро да го осознаваат светот, се развива нивната когниција , но и емоционалноста, а родителите посебно тогаш имаат важна улога во насочување на развојот на детето.

Но, како еден родител би влијаел на своето дете доколку нивната меѓусебна доверба е разнишана?

Постојат неколку игриви вежби кои ќе ви помогнат да го подобрите односот со вашето дете.

Водење слепи (се препорачува за деца од 5-7 години или нагоре)

Нa детето му се врзуваат очите со марама и тоа со заврзани очи го води родителот до својата соба, потоа обратно родителот ги врзува очите и го води детето.

Со оваа вежба на детето му праќаме порака дека секогаш сме тука за него, дека може да се чувствува сигурно до нас дури и кога очите ни се врзани.


Пад наназад (за деца од 5 години и нагоре)

Застанете зад детето и кажете му да падне наназад, вие фатете го одзади. Може истата игра да се направи обратно, родителот да паѓа наназад, а детето да го придржува, само треба да се има во предвид тежината на детето.

Со оваа игра детето ја чувствува сигурноста во рацете на својот родител, но и ја зголемува својата самодоверба, бидејќи може да му помогне на родителот.

Од симболички аспект оваа вежба ја изразува поддршката меѓу родителите и децата.


Игра тајна (за деца од 7 години и нагоре)

Секој член на семејството нека напише тајна на ливче и истото нека го превитка. На него треба да го напише и своето име. Секој играч зема ливче со туѓа тајна. Се разговара за тоа, на кој член од семејството би му ја кажале тајната, кого би го заштитиле, а кого би го изневериле.

Се прашува секој член дали смее да ја отвори тајната.

Со оваа вежбовна игра се забележува со кој родител детето е во поблизок однос и на кого тоа повеќе му верува.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 знаци дека имате токсични родители + како да го намалите негативното влијание од нив Родителите ви љубоморат, а кога разговарате, зборуваат само за себе. Кои се друг...
Maжи, ве молам носете ги вашите сопруги на љубовни состаноци - еднаш неделно! Maжи, ве молам носете ги вашите сопруги на состаноци. Мора да бидете романтични....
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје Да се шета со количка за бебе низ улиците на Скопје е вистински предизвик - од т...
Едвај чекам да ѝ кажам збогум за најлошата година во мојот живот 2024-та, барем за мене, се покажа како една од најнеубавите години во животот. И...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg