Се прашувам: Каде исчезна детската игра?

Сите ние често имаме можност да наидеме на детските очи кои се полни со надеж и љубопитност. Тие детски очи не исполнуваат со грижа и безброј прашања околу нашата иднина.

se-prashuvam-kade-iscezna-detskata-igra-01.jpg

Моите очи веќе се заморени и одамна им требаат очила за гледање, но детските се тука за да бидат широко отворени. Прашање е што гледаат денес? Тоа што го гледаат ќе им остане засекогаш.

Ако се вратиме назад во нашиот чист детски свет и ја погледнеме оваа извитоперена реалност која сега се продава како бајка, сè е сурово и сè не напаѓа од сите страни. Најголема жртва на овие напади е детската фантазија.

Денес сè што ни се нуди покажува постоење на задни намери, како веќе ништо што им се нуди на децата да не е без претензии. Не е ни чудно што се развива посебен тип на литература за помош на родителите како да ги воспитуваат сопствените деца и тинејџери.

Во Велика Британија постои високо развиена свест за потребата за културно воспитување, но воопшто не постои традицијата на читање и учење на детски песнички.

Тука ништо не се учи на памет. Не дека учењето на памет е надминато, туку не се смета за забавно.

Во сето тоа, се прашувам, каде исчезнала традицијата на детските песни кои ги учевме напамет и за оцена ги рецитиравме или ги пеевме во училишниот хор?

Така учиме да зборуваме, да мислиме, слушаме... Впрочем, говорот е единствената карактеристика која не одбележува, од која не можеме да побегнеме и која не може да се сокрие со шминка, фризура или облека.

Тука во Британија, старите традиционални детски песни не постојат. Јавните настапи и училишните приредби се ретки и досадни случувања за кои дури и за една изговорена реченица потребен е лист хартија.

Веројатно субјективно и со носталгија гледам на нашите хорски пеења и рецитали кои имаа воспитно значење.

Се негуваше љубов кон поезијата и изговорените зборови, кон песните и мелодијата. Дури и оние кои без уживање беа принудени да учествуваат, не беа оштетени, туку бар за миг збогатени со убави зборови.

Можеби изгледа наивно, но воопшто не е занемарливо.

Размислете, каде оди општеството чија младост се храни со електронски игри? Дури и да немаат насилна природа, игрите ги убиваат сите сетила.

Што ќе откријат, научат и направат идните возрасни кои своите очи, уши и мисли ги трошат на бесконечно безделничење на интернет?

Каде оди животот, не знам, но знам дека сè е одамна отидено по ѓаволите.

Би можело да ве интересира:

До бабите и дедото што откажуваат планови и ни го чуваат детето како свое – ви благодарам Писмо до нашите родители - до бабите кои скришно ги откажуваат закажаните планов...
„Јас имам совршен брак, но тоа не е брак во кој јас и маж ми не се караме“ „Со маж ми се расправаме, но ние не се задржуваме во таа лутина. Ние имаме жесто...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Сопругот побара старателство за кучето, а децата ми ги остави мене“: Неверојатни приказни за развод... „Со поранешниот сопруг 3 пати се мажев и 3 пати се разведувавме. Прво тој ме изн...
Крипторхидизам – неспуштени тестиси кај бебиња, како да го препознаете и како се третира? Доколку тестисите не се спуштат до првиот роденден на бебето, тогаш се препорачу...
Мали работи што родителите треба да ги прават – на децата им значат многу Од најважните луѓе во нивниот живот, родителите, децата треба да слушнат дека&nb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg