Те сакав со цело срце, но морав да те абортирам: Писмо до бебето кое не го родив
За бебето кое не го родив:
Знам дека ова писмо не е неопходно. Знам дека сè уште се движиш по твојот кармички пат, далеку пред мене. Знам дека оваа реченица би му звучела како луда ако ја кажам на било која друга личност, но тебе веројатно ти има смисла.
Можеби никогаш нема да ги прочиташ овие зборови, како во овој живот, така и во наредниот. Ова морам да го напишам пред сè за себе. Јас сум себично суштество и сакам да уживам во сопствениот комфор. Најчесто поголем комфор одошто може да ми даде светот, па најчесто се посветувам на моите зборови за утеха.
Би сакала да ти објаснам зошто абортирав. Не дека не бев сигурна дека ќе бидеш убава и паметна личност, затоа што сум сигурна дека ќе беше сето тоа. Знам дека ќе те сакав со цела моја страст која можам да ти ја пружам на моите 22 години. И јас и татко ти те сакавме. Те сакав уште од моментот кога ги видов тие две цртки на тестот за бременост. Вистина е дека солзите веднаш започнаа да се леат како несопирлива бура, но тоа е така затоа што знаев дека те сакам, а не можам да те имам.
Абортирав затоа што сметам дека немав и немаше да имам доволно љубов да ти подарам. Од оваа причина не жалам што те абортирав. Сè уште сум себична, млада и опседната со моето студирање, работење и врска. Немав што да ти дадам. Ниту време, ниту пари, ниту трпение, ниту доволно љубов... Не сум подготвена да бидам мајка, посебно не на така малечко девојче како што си ти.
Како знам дека ќе беше девојче? Тоа и мене ми е мистерија, но е нешто што го знаев уште од моментот кога дознав дека сум бремена. Тоа е нешто што го знам без сомневање, без некакво научно или медицинско објаснување. Едноставно знаев дека ќе бидеш малечко русокосо девојче кое ќе ги има големите прекрасни очи на татко си.
Додека седев во таа ладна соба со татко ти до мене, колку и да бев исплашена и не го покажував тоа, се обидував да не мислам на тебе. Набрзина одговарав на прашањата. Сè што можев да направам е да се стуткам во прегратките на татко ти. Се тресев.
Конечно пристигна судниот час. Ги земав првите лекови кои ќе го запрат твоето растење и со себе носев мала пластична кеса со апчиња против болки и оние кои требаше целосно да те исфрлат од мене. Се обидов најдобро што можам да ги игнорирам агонијата и болката во моите гради.
Ќе го прескокнам денот кога имав незамислива и неопислива болка. Нема да потрошам зборови на времето кога се обидував моите болки да ги сокријам од шефот и сите други околу мене.
Сакам да зборувам за мојот роденден. Тоа е еден ден откако ги испив апчињата. Бев на патување кое го планирав многу одамна уште пред да знам за тебе. Јас и татко ти решивме да одиме и покрај болката. Бев болна во поголемиот дел од времето, но тој беше трпелив и ги издржуваше моите промени во расположението и солзите.
Пешачев низ улиците, меѓу старите згради и миризбата на сол во воздухот, кога наидов на тебе. Се појави пред мене како возрасна девојка на моја возраст. Седнавме и разговаравме. Почувствував љубов како никогаш дотогаш. Љубов која едноставно не може да се опише со едноставни зборови.
Каде и да си сега, се надевам дека можеш да ми простиш.
Знај дека постојано мислам на тебе. Ти ги испраќам сите мои благослови и неизмерна благодарност што ми покажа што значи да сакаш некого и да мора да го пуштиш.