Фотографии од вашите деца кои не треба да ги споделувате на социјалните мрежи
Малите деца се секогаш слатки, посебно кога станува збор за бебиња и не е ни чудно што родителите на целиот свет сакаат да ги покажат нивните фотографии, меѓутоа некои фотографии не би требало да се објават на социјалните мрежи.
Супер идеја е да ги објавувате фотографиите од прославата на првиот роденден, првиот ден на училиште или прошетката во зоолошка градина. Од друга страна пак, постојат фотографии кои треба да останат само во вашиот приватен фото албум или воопшто да не ги објавувате, бидејќи можете да го воведете детето во опасност.
Еве што не би требало да објавувате на социјалните мрежи:
1. Фотографии од капење
Фотографиите каде се гледаат интимните делови на вашето дете секако дека не би требало да ги објавувате, бидејќи не сакате да завршат во погрешни раце.
Пред да се пофалите со штотуку направените фотографии од бањата добро размислете кои луѓе сакате да ги видат.
Секако дека не сакате да ги загрозите вашите малечки и нивните фотографии да дојдат до ловците на детска порнографија.
2. Фотографии каде децата се повредени или исплашени
Како родител имате задача да го заштитите детето од повреди и да го утешите кога нешто го боли или е исплашено. Запрашајте се: дали е во ред да објавувате такви фотографии?
Дали вие би сакале да има фотографија од вас додека солзите ви се леат по лицето или се превиткувате од болки?
3. Фотографии на тоалетна школка
Фотографиите од вашите деца додека извршуваат нужда треба да ги чувате во фолдер на вашиот компјутер, но не и на интернет.
Денес сè останува, па дали би сакале во иднина вашиот тинејџер да налета на неговата фотографија во која врши нужда?
4. Опасни ситуации
Можеби фотографиите во кои бебето држи цигара или шише алкохол ви се смешни, но овие фотографии воопшто и не би требало да ги правите.
Најпрво може да го доведат во опасност вашето дете, а подоцна и самите на себе да си донесете проблеми со законот.