Мајка го учи 13-годишниот син: Што значи да бидеш независен?

Воспитувањето на децата знае да биде тешка работа, посебно кога 13-годишниот тинејџер започнува да се изјаснува како независна личност и го одбива авторитетот од родителот.

shto-znaci-da-se-bide-nezavisen-lekcija-od-majka-do-13-godishen-tinejdzer-01.jpg

По долга и тешка расправија токму околу оваа тема, мајката Хејди Џонсон решила да преземе драстични мерки за однесувањето на својот син.

Се одлучила да му напише кратко писмо во кое му остава избор: сè уште да се дефинира како независна личност и да започне да плаќа сметки или да продолжи да се однесува како нејзино дете.

shto-znaci-da-se-bide-nezavisen-lekcija-od-majka-do-13-godishen-tinejdzer-1.jpg

Еве што таа напишала:

„Драг Арон,

Ми се чини дека си заборавил дека имаш само 13 години и дека јас сум родителот, па ќе морам да те научам на тоа што навистина значи независност.

Бидејќи ми го влепи во лице фактот дека сега заработуваш пари, ќе ти биде полесно да ги купиш сите работи кои ти ги имам купено во минатото и да си ги вратиш назад.

Ако сакаш повторно да запалиш сијалица или да имаш пристап од интернет, ќе треба да ми платиш онолку колку што трошиш.

  • Кирија – 430 долари
  • Струја – 116 долари
  • Интернет – 21 долар
  • Храна – 150 долари

Исто така, ќе мора да го фрлаш отпадот секои понеделник, среда и петок, а и да чистиш со правосмукалка. Ќе треба да го чистиш твојот тоалет и сам да си готвиш храна. Ако не успееш да ги направиш сите овие работи, ќе треба да ми наплатиш дополнителни 30 долари.

Ако се одлучиш повторно да бидеш мое дете, наместо цимер, можеме одново да преговараме

Те сака,

Мама.“

Веројатно по ова добила голем број на критики, па на Фејсбук објаснила дека нејзината стратегија била успешна.

Што мислите вие? Дали нејзината стратегија била одлична или претерала?

Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Сите ми велат: ‘Блазе си ти, какво дете имаш!’  - Знам какво е, и не ми се падна на лото!“ „Често ми велат, блазе си ти какво дете имаш! Знам јас какво дете имам! Единстве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg