100 работи на кои ќе ја научам мојата ќерка, а би требало и вие

52. Изгуби се во град во кој никогаш не си била претходно.

53. Но, купи си мапа за секој случај.

54. Научи нов јазик.

55. Биди своја.

56. Запознај некоја личност која ќе те смее до солзи.

57. И задржи ја таа личност во твојот живот.

58. Немој да бидеш наивна.

59. Знај дека сè можеш да ми кажеш.

60. Вежбај.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-5.jpg

61. Секогаш прашувај ги надредените. Ако не можат да ти дадат одговор, не се вредни за следење.

62. Ако си носталгична, направи си домашни колачиња.

63. Не ја потценувај моќта на дебелото ќебе, топлото чоколадо и добриот филм.

64. Никогаш немој да пиеш и да возиш.

65. Оцените не се сè во животот, но имај на ум дека дипломата ќе ти даде повеќе можности во животот.

66. Биди сигурна дека го разбираш прашањето пред да го одговориш.

67. Тетоважите се перманентни.

68. Научи се да уживаш сама со себе.

69. Биди внимателна.

70. Биди подготвена.

71. Никогаш не го прескокнувај часот по Македонски јазик.

72. Или математика.

73. Или физика.

74. Никогаш не бегај од часови.

75. Започни да ги штедиш твоите пари што е можно порано.

76. Изгасни го компјутерот и помини го денот надвор со пријателите. Твоите најсилни сеќавања се под сонцето, а не во собата.

77. Убавината е релативна.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-7.jpg

78. Каде и да одиш не заборавај од каде доаѓаш.

79. Помагај им на пријателите.

80. Биди внимателна со чувствата на другите луѓе околу тебе. Секој војува во сопствените.

81. Гледај на критиката како на предизвик.

82. Покажи им на критичарите дека грешеле.

83. Откриј ја разликата помеѓу зборовите „учи“ и „научи“.

84. Научи барем еден музички инструмент.

85. Купувај облека која одговара на твоето тело сега, а не на телото кое ќе го имаш за два месеци по диетата.

86. Миј го лицето два пати дневно.

87. Хидрирај ја кожата.

88. Пушењето ќе те остаре.

89. Единствениот начин да засакаш некоја работа е да се нурнеш во неа.

90. Сфати го ова и фигуративно и буквално во животот. Потсети се само како се чувствуваш кога ќе се нурнеш во базен.

91. Биди храбра со твоите избори и одлуки.

92. Не се плаши да носиш црвен кармин.

93. Биди нечиј приоритет, а не само мисла.

94. Не ги земај работите при срце.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-8.jpg

95. Удирај како девојка.

96. Трчај како девојка.

97. Бори се како девојка.

98. И со тоа мислам да се трудиш да победуваш.

99. Научи да сакаш искрено и длабоко.

100. Сподели го твоето знаење и со другите околу тебе.



Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg