100 работи на кои ќе ја научам мојата ќерка, а би требало и вие

Воспитувањето на децата претставува животен предизвик со кој се соочуваат сите родители. Не е важно дали сте новопечени родители или вашите деца се во своите 20-ти. Лекциите и грижата се секогаш тука покрај вас.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-01.jpg

Ова се 100 совети кои секоја мајка би сакала да ги сподели со својата ќерка.

1. Секогаш ќе го паметиш првиот, затоа одбирај мудро.

2. Сечи ја косата пократко отколку што се осмелуваш. Ќе порасне.

3. Користи млеко за сончање.

4. Пицата е секогаш добра идеја.

5. Така е и со доброто вежбање.

6. Биди строга со твојата граматика и правопис, а поблага со туѓите.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-2.jpg

7. Никогаш не го избегнувај појадокот.

8. Опкружи се со луѓе кои се попаметни од тебе.

9. Луѓето заслужуваат втора шанса, но не постои такво нешто како трета или четврта.

10. Ако луѓето ти кажуваат дека не можеш да направиш некои работи само затоа што си девојче, докажи им го спротивното.

11. Откриј ги твоите граници и преминувај ги.

12. Освен кога пиеш.

13. Никогаш не одгризувај повеќе отколку што можеш да џвакаш.

14. Посебно кога си во друштво.

15. Играј секогаш кога ќе посакаш.

16. Твоите проблеми може да ти се чинат тешки во моментот, но ќе ги пребродиш. Јас ќе се погрижам за тоа.

17. Не се чувствувај должна да се објаснуваш.

18. Никогаш не можеш да бидеш сигурна кога ќе треба да ги избришеш солзите. Затоа секогаш носи со себе марамче.

19. Запомни дека јас секогаш ќе бидам тука за тебе.

20. Пиј ја водата како да е најслаткиот пијалок на светот.

21. Легнувај рано.

22. Научи се да стануваш со сонцето.

23. Милениците се доживотна одговорност.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-3.jpg

24. Научи да кажуваш „Не“.

25. Научи да го сакаш пешачењето.

26. Твојата тежина не те одредува тебе како личност.

27. Никој не треба да ја стекне твојата почит. Сите ја заслужуваат без разлика на тоа какви се.

28. Еднаш штом ќе облечеш точен градник ќе се чудиш како си живеела претходно без него.

29. Ти си многу повеќе од твојот изглед, твојата диплома и сексуалност.

30. Одбирај ја комфорноста пред стилот.

31. Насмевката е твој најдобар додаток.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-4.jpg

32. Но, ако некој ти каже дека ќе бидеш поубава ако се смееш повеќе, тогаш замини си.

33. Дури и да си висока, носи ги твоите омилени потпетици.

34. Читај. Читај многу. Читај ги и оние книги што мислиш дека нема да ги разбереш, затоа што со текот на времето ќе се случи сосема спротивното.

35. Ако го започнеш ова правило, тргни од класичната литература. Не без причина е актуелна толку долго.

36. Никогаш не го намалувај твојот глас пред некоја друга личност. Има место за мислењето на повеќе од една личност во собата.

37. Сосема е во ред да ти се допаѓа розовата боја и да сакаш да си играш од време на време.

38. Испробај ја клише сцената каде одиш со саканата личност на плажа под ѕвезденото небо барем еднаш во животот.

39. Постојат многу лоши работи на овој свет, но постојат и добри.

40. Очекувај добро од луѓето, но подготви се за лошите работи.

41. Овошјето ти е пријател.

42. Газираните пијалоци не.

43. Биди внимателна со твоите зборови.

44. Твоите тага, бес и болка мора да имаат причина и мора да бидат разумни.

45. Ако си исплашена не мора да значи дека нешто лошо ќе се случи.

46. Патувај.

100-raboti-na-koi-kje-ja-naucam-mojata-kjerka-a-bi-trebalo-i-vie-6.jpg

47. И биди сигурна дека ќе ја запознаеш тамошната култура.

48. Пливањето е задолжителна вештина, а не хоби.

49. Не се плаши да побараш помош.

50. Не дозволувај само тинејџерските години да ти бидат најубавите години од животот.

51. Или најлошите.

Уште 49 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg