7 Совети да не го разгалите вашето дете
Љубовта кон детето нема граници, но ако не сакате премногу да го разгалите тогаш морате да поставите некои основни правила.
Со помош на овие 7 совети, односно чекори ќе умеете да го препознаете лошото однесување и уште од самиот почеток да го коригирате:
1. Поставете јасни, едноставни граници
Ако не оставите простор за размислување, ќе ја избегнете кавгата која следува понатаму. На пример, ако му кажете на детето дека може да добие колач, оставате простор да се надева дека ќе може да добие уште еден после првиот. Но, ако наместо тоа му кажете дека може да добие еден колач, подоцна нема да ви побара друг.
2. Држете се до границите без разлика на сѐ
Ако му кажавте на детето дека може да добие еден колач, а потоа размислувате дали тоа беше добра одлука, тогаш гледајте долгорочно на ситуацијата. Можеби било во ред да добие уште еден колач, но запрашајте се дали сакате секој пат да бидете во дилема, а тоа ќе се случи ако не се држите до границите.
3. Не попуштајте
Просто правило: ако еднаш му попуштите на детето кога ќе ве моли, тогаш го учите дека така може лесно да помине и да добие сѐ.
4. Детето нека ве убеди дека му треба дозвола
Ако детето сака нешто за кое вие не сте сигурни, побарајте да ве убеди дека му треба ваша дозвола. На пример, ако сака да гледа телевизија, најпрво нека си даде обврска на себе да ги тргне играчките или да поспие, а потоа да му дозволите да ја гледа омилената емисија.
5. Прво обврски, а потоа игра
Дури и ако станува збор за едноставни обврски како средување на играчките или чистење на нередот, детето мора да научи прво да ги исполни обврските, а потоа да си игра.
6. Не се плашете од разочарување
Никој не сака да го гледа своето дете тажно, но тоа не може секој пат да добие што сака. Детето мора да научи да прифати разочарување, а така и многу полесно ќе се соочи со емоционалните стресови кои понатаму низ животот го чекаат.
7. Учете го да го заработи тоа што сака да го добие
Ако детето лесно го добива тоа што го сака, тогаш сѐ ќе зема здраво за готово. Ако сака нова играчка, направете систем преку кој малку по малку детето ќе го добие тоа што го сака.