Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Емотивна исповед на еден татко: Зажалив што ја искарав 3-годишната ќерка

Секој родител се труди да ги воспита своите деца правилно и на најдобар можен начин. Иако знаат дека понекогаш претеруваат, често ги гледаат како возрасни, а потоа им кажуваат некои зборови поради кои подоцна се каат.

emotivna-ispoved-na-eden-tatko-zazalil-sto-ja-iskaral-3-godisnata-kerka-01

Оваа емотивна приказна која ја раскажал еден татко ќе ви помогне да го сфатите вашето дете, или да видите пример на искрена детска љубов.

Еден ден, таткото се налутил на својата тригодишна ќерка бидејќи ја потрошила целата украсна хартија за да спакува еден подарок.

Следното утро малечкото девојче му ја однела спакуваната кутија и му рекла: „Тато, ова е за тебе“.

Му паднало многу тешко што ѝ се развикал претходниот ден. Па со радост почнал да ја отвора кутијата. Но, кога ја отворил и видел дека е празна уште повеќе се налутил и почнал повторно да ѝ вика:

„Зар не си научила дека не треба да лажеш и кога некому даваш подарок, треба навистина да му дадеш нешто?“

Девојчето не можело да се воздржи и низ солзи му одговорила:

„Ама тато, кутијата не е празна. Во неа ставав толку многу бакнежи додека не се наполни цела. Сите се за тебе, тато“.

Таткото скршен од болка и жал ја прегрнал својата ќерка и ја замолил да му прости. Потоа ветил дека ќе ја чува до креветот и секогаш кога ќе се чувствува лошо и беспомошно, ќе си зема по еден имагинарен бакнеж од кутијата.

Оваа приказна ни покажува дека не треба да судиме пред да прашаме. Особено децата треба да ги разбереме на нивен начин, бидејќи често знаат да бидат поумни од сите други.

Би можело да ве интересира:

5 искрени детски реакции кои ќе ве насмеат до солзи „Мојата мала ќерка го разгледуваше нашиот свадбен албум и се воодушевуваше на ве...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Писмо до мојата 15-годишна ќерка: Прочитај што сакам да ти кажам, но живеј по свое - ти не си јас „Јас имам свој живот. Не морам да трчам за да те спасам и да оставам сè заради т...
Маж не може да биде добар татко, ако првенствено не е добар сопруг Маж не може да биде добар татко, ако првенствено не е добар сопруг, затоа што де...
Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила неш...
12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg