Родители, вие сте личноста која ја развива интелигенцијата кај детето
Родителите треба да знаат дека првите месеци од животот на детето се најзначајни за развојот и интелигенцијата. Иако учењето ќе продолжи во наредните години, активностите во првата се најважни.
Штом бебето ќе започне да реагира, да се движи и да покажува било каква физичка активност и јазично изразување, тогаш е шансата да ги развиете сите негови вештини. Со учење треба да почнете од првиот ден.
Ова се неколку главни препораки кои треба да ги почитувате ако сакате да израснете паметно дете:
1. Овозможете му на детето да се движи што почесто
Движењето е основа за животот, она што го разработува дишењето и го зголемува кислородот во мозокот, што понатаму доведува до подобрување на мозочните функции.
2. Создајте топол, чист и безбеден простор каде детето ќе престојува секојдневно
3. Настојувајте учењето да биде забавно и успешно
Успехот ја подобрува мотивацијата, која води до нови успеси.
4. Обезбедете му стимулативно интелектуални активности
Секој ден читајте му книги и разговарајте со него исто како што разговарате со своите роднини, пријатели, колеги.
5. Веднаш започнете да го учите да чита
Колку што е помало детето, толку полесно ќе ја совлада оваа вештина.
6. На работата на мозокот кај децата посебно влијание има исхраната и воздухот кој го дишат
Погрижете се за ова.
7. Поминувајте повеќе време со вашето дете
Убавите манири и правилата се стекнуваат преку близината со родителот.
8. Бидете доследни во она што го правите
Бидете секогаш искрени и праведни, но не попуштајте.