4 Начини на кои татковството го менува машкиот мозок
Јасно е дека улогата на татко внесува бројни промени во животот на мажите, но многумина не знаат дека татковството влијае и врз функционирање на организмот.
Стручњаците тврдат дека после раѓањето на детето, мажите трпат значајни невролошки и хормонски промени, слични на оние кои ги доживуваат и мајките.
Погледнете што сѐ се случува во мозокот на младите татковци:
Мозокот на таткото изгледа како на мајката
Грижата за бебето го менува мозокот на мажите и тој сѐ повеќе наликува на мозокот на мајките. Мажите кои ги негуваат своите малечки, се менуваат во однос на емоциите и социјалното дружење, кои стануваат поактивни откако бебето станува дел од нивниот живот.
И таткото поминува низ хормонски промени
Бременоста, породувањето и доењето кај жените предизвикуваат производство на хормони, но научниците утврдиле дека нешто слично се одвива и кај мажите, иако тие не се во состојба да го носат и хранат бебето по природен пат. До ова хормонско зголемување се доаѓа благодарение на контактот со бебето и неговата мајка.
Окситоцинот ја зајакнува врската помеѓу таткото и бебето
Хормонот на љубовта ги поттикнува татковците повеќе да се грижат за своите бебиња и повеќе да се вклучени во нивниот живот. Помеѓу нив се создава поврзаност иста како онаа помеѓу мајката и бебето.
Татковците стануваат почувствителни на детскиот глас
Општо е познато дека мајчинскиот инстинкт е оној кој им помага на мајките да препознаат кога плачот на бебето значи глад, кога болка, а кога дека е поспано. Меѓутоа, научниците утврдите дека и татковците се поврзуваат со своите деца на тој начин: едно истражување покажало дека дури 99% од татковците го препознаваат значењето на плачот на своето бебенце.