Како да откриете дали сте бремени пред да ви доцни менструацијата? Ова е првиот, најран симптом
Ако се сомневате дека можеби сте бремени, а не можете да се стрпите додека дојде денот кога треба да добиете менструација, бременоста можете да ја препознаете по овој најран симптом.
Со помош на температурата на телото, можете да откриете дали сте бремени многу порано отколку што мислевте.
Само 1 недела по овулацијата ако температурата на телото е минимално повисока, тоа е првиот симптом кој укажува на бременост. Сепак, имајте на ум дека отстапките се секогаш возможни.
Телесната температура треба се мери рано наутро по будењето, пред станувањето од кревет, со обичен топломер околу 5 минути.
Клучни денови кои можат да ви ја откријат бременоста:
13 или 14 ден - овулација
21 ден - пораст на температурата ако сте бремени
25 ден - пад на температурата ако не сте бремени
Ако циклусот ви е неправилен и е подолг или пократок од 28 дена, добро пресметајте го денот на овулација и водете се според него.
Табела на температурата кај жена која не е бремена
Во идеалниот циклус во кој не дошло до бременост, температурата по овулацијата ќе остане околу 37-от степен сè до 25-от ден, кога постепено ќе почне да опаѓа.
Табела на температурата кај жена која е бремена
Во идеалниот циклус во кој дошло до бременост, температурата благо ќе порасне (за 0,1 или 0,2) во 21-от ден од циклусот и нема да паѓа по 25-от.
Има некој искуство со вакво рано откривање на бременоста?