Зошто сакам моите синови да ме гледаат гола?

Рита Темплетом има 4 сина и вели дека пред нив гордо шета потполно гола. Оваа мајка смета дека тоа е сосема нормално и дека само на тој начин ќе ги научи синовите како изгледа вистинското женско тело...

zosto-sakam-moite-sinovi-da-me-gledaat-gola-01.jpg

Иако дечињата се се уште мали, таа сака да им објасни дека цврстите гради и рамните стомачиња не се стандард за женската убавина. Затоа, често пати вратите од спалната и бањата се отворени, и не се крие додека се пресоблекува или тушира.

- Моите синови се мали, па скришно не гледаат магазини со голи жени. Но, пред тоа да се случи, пред да видат исфотошопирани совршени задници и цврсти гради, сакам да им покажам едно поинакво женско тело. Моето, вели Рита.

Таа објаснува дека тоа го прави со една цел - нејзините синови да не очекуваат дека жената изгледа совршено, затоа што ниту една девојка нема да биде „доволно добра“ за нив во иднина.

- Помеѓу нас, незадоволна сум со изгледот на моето тело по 4-та бременост, но заради моите момчиња понекогаш лажам. Кога ќе ме прашаат за стриите, гордо им објаснувам дека бременоста е тешка и дека се гордеам со „значките“ кои ги заслужив. Колку и да сакам да избегам и да облечам огромна маица кога ќе ми го допрат стомакот - не го правам тоа. Затоа што сакам да знаат дека телото е прекрасно, дури и ако не е совршено.

Таа не планира засекогаш да ги задржи овие навики и свесна е дека некогаш ќе мора да го прекине тој однос со своите синови. Но, додека нејзините деца не пораснат, таа ќе настојува да им го објасни несовршеното тело.

Би можело да ве интересира:

„Моите деца ги сакам помалку сега кога се тинејџери - Зошто се чувствувам така?“ „Ми недостигаат деновите кога моите деца ми даваа безрезервна љубов, но уште пов...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
„Се каам затоа што сакав да бидам совршена мајка и викав многу по моите деца за сè“ „Се каам затоа што се карав гласно пред нив со нивниот татко. Им се извинив, но ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg