Најемотивните фотографии некогаш направени: Колку е силна љубовта меѓу мајката и детето?

Мајчината љубов е безусловна и тоа е најнежниот вид љубов, која најдобро се гледа од овие фотографии. Кен Хејмен (83) ги овековечил мајките и нивните деца во различни региони и националности во текот на играта смеењето, галењето и јадењето.

najemotivnite-fotografii-nekogas-napraveni-kolku-e-silna-ljubovta-megju-majkata-i-deteto-01

Иако фотографиите се стари повеќе од 50 години, она што е препознатливо на нив и универзално е мајчинската љубов и поврзаноста меѓу родителите и детето.

На една од овие фотографии, конзервативно облечена мајка од Советскиот Сојуз го учи своето дете да вози велосипед, додека мајката од Данска ужива во заедничкото капење со своето дете.

Реномираниот и наградуван фотограф Кенен Хејмен ги открил овие скоро заборавени фотографии и ги насловил, едноставно, „Мајки“.

Фотографиите се наоѓале во десетина стари кутии кои содржеле илјадници стари фотографии кој тој ги направил.

Црно-белите фотографии ги објавил во книгата „Семејство“ (1965), која е номинирана за Пулицеровата награда и која е потпишана и од познатиот антрополог Маргарет Мид.

Нивната соработка се гледа на овие фотографии каде може да се забележи мајчинството ширум светот од различни културни перспективи.

Без оглед на годините на мајките и децата и без оглед на староста на фотографиите, сите може на некој начин да се идентификуваат со нив. Истите фотографии може да се направат и денес во ретро стил.

Сето тоа повеќе од јасно покажува дека љубовта меѓу мајката и детето е универзална.

 

Би можело да ве интересира:

12 реални (и малку непријатни) ситуации во кои се нашле мајките барем еднаш, низ илустрации Мајките често се соочуваат со двојни стандарди, па се случува да бидат критикува...
Првите 3 години од родителството се најтешки - после станува полесно Моето родителство се промени кога дознав дека критичните години се само првите т...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
„Јас сум разведена мајка на 2 деца - не сакам да ги гледам секој ден и тоа не ме прави лош родител“ „Зошто воопшто си раѓала деца?“ – ја напаѓаат Луси Паркер (35) од Велика Британи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg