Кога се родила била долга колку четка за заби, а сега го слави првиот роденден

Пред една година кога се родила Нова била долга колку четкичка за заби. Имала само 10 % шанси за да преживее.

koga-se-rodila-bila-dolga-kolku-cetka-za-zabi-a-sega-go-slavi-prviot-rodenden-01

Сепак, ова девојче на среќа и радост на своите родители, успеала да закрепне и овие денови да го прослави својот прв роденден.

Нова Џонсон е родена во 27-та недела кога на родителите им било соопштено дека нејзиното заздравување ќе биде многу тешко и напорно.

Мајката Џенифер, сестрите Тамара (19), Фиб (16), Ава (7) и таткото Даниел биле постојано до неа.

Напредувала многу бавно, бидејќи кога се родила тежела едвај 450 грама, но не се предавала.

Точно 101 ден траело нејзиното заздравување во болница, по што е пуштена на домашна нега. Сестрите ја дочекале со посебна радост, а од тој момент напредувала сè повеќе и повеќе.

Волјата за живот, но и љубовта и грижата на семејството ѝ дале сила да издржи, да се избори и сега да биде нормално слатко девојче кое наполнило 1 година.

koga-se-rodila-bila-dolga-kolku-cetka-za-zabi-a-sega-go-slavi-prviot-rodenden-1.jpg

Би можело да ве интересира:

6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
Најдобриот брачен совет: Пред да пробате со нова личност, пробајте уште еднаш со вашиот сопруг/а дом... „Од сопругот/та ви е преку глава и тогаш доаѓа некој кој е нов, внимателен, совр...
„Првото дете го родив на 42, а второто на 44 години – ме осудуваат, но не жалам што сум постара мајк... „Тоа што сум постара мајка ме направи подобар родител. Со сопругот имаме финанси...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Македонска мајка со порака: „Знам колку е тешко родителството, но на децата не им се потребни екрани... „Не осудувам никој, знам колку може тешко и напорно да биде родителувањето некои...
Мамо извини за секој лош збор, за секојпат кога сум ти се развикала без причина Многупати сум ѝ се развикала на мајка ми само затоа што кажала или направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg