17 Работи кои татковците ги прават подобро од мајките
Општо познато е дека татковците и мајките имаат посебни улоги кога станува збор за воспитување на своите деца.
Постојат работи кои жените ги прават подобро од своите мажи и обратно. Обично мајките се грижат за оној посериозен дел, додека, пак, татковците за забавниот, но, сепак и двајцата наоѓаат начини за свој удел во секоја сфера од животот на нивното дете.
Сепак, постојат работи кои татковците ги прават многу подобро, а тие се следниве:
1. Грубо играње
Децата обожаваат да играат грубо, но повеќето мајки не сакаат баш да паднат на земја и да се борат со своите деца. Токму во овој дел татковците се многу подобри.
2. Модринки и гребаници
Кога вашата мајка ќе ве види со модрици или гребаници веднаш почнува да ви поставува илјадници прашања и да ви нанесува некој домашен лек, за разлика од вашиот татко кој само седи и вели „не грижи се, дете е, ќе му помине”.
3. Читање
Мајките не би можеле да се натпреваруваат со татковците кога станува збор за читањето. Татковците секогаш подобро ги имитираат звуците на животните и останатите карактери во приказната.
4. Риболов
Риболовот и останатите активности од овој тип важат за татковска работа. Секако постојат и жени кои своите деца ги носат на риболов, но татковците се тие кои оваа работа ја прават подобро.
5. Играње криенка
Никој не избира подобри места за криење од татковците. Мајките не се големи обожаватели на оваа игра, за разлика од татковците кои умеат да бидат „вечни деца”.
6. Носење на раменици
Сите го помниме времето како мали кога сме биле премногу уморни да одиме пеш, но тука бил нашиот татко за да не крене и да не носи на раменици.
7. Авантури
Истражување на околната планина, возењето велосипед, работа во гаражата и уште многу авантури на кои татковците се секогаш подготвени и секогаш ги извршуваат на поинтересен начин за разлика од мајките.
8. Спорт
Секако дека постојат многу жени спортисти кои обожаваат да спортуваат со своите деца, а и тие со нив. Но, сепак, татковците биле и секогаш ќе бидат подобри кога станува збор за спортот.
9. Пливање
Кога ќе отидете на некоја плажа или базен погледнете убаво кој родител седи со децата, а кој родител е на плажа. Ќе видите дека татковците се тие кои целиот ден го поминуваат во водата со своите деца, а мајките се повеќе како чувари кои од копното ги набљудуваат најмилите.
10. Кампување
Малку се оние жени кои би се согласиле да поминат неколку дена во природа без кревет и тоалет. Како и да е, вреди да признаеме- мажите се подобри кога станува збор за кампување.
11. За љубовта
Татковците можат да дадат одличен совет кога станува збор за љубовта иако и мајките го прават тоа. Но сепак во овој случај тие умеат да бидат подобри од мајките.
12. Избегнување план
Татковците се оние кои умеат да ги избегнат плановите и распоредите. Па често знаат да останат подоцна со вас надвор иако е време за спиење или пак да ве одведат на сладолед иако имате домашна задача, што не е случај со мајките.
13. Маскирање
Никој не имитира толку добро како тоа што го прават татковците. Играте самураи? Татковците се оние кои први ќе се маскираат и фрлат за работа, а мајките веројатно одамна се откажале од домашниот маскенбал.
14. Забавен парк
На што и да сакате да се возите вашиот татко ќе биде со вас, за разлика од мајките кои скоро никогаш не би се согласиле да се возат со вас во забавниот парк.
15. Појадок
Можеби не се случува во секое семејство, но она по што татковците се препознатливи е токму креативниот појадок. Штом ќе се разбудите веќе има некој интересен појадок во разновидни форми и фигури кои таткото трпеливо ги приготвувал.
16. Брза храна
Мајките се секогаш против кога станува збор за брзата храна, но токму тука се појавуваат татковците кои обожаваат да ги носат своите деца на вкусна храна, сладолед, колачи...
17. Научни експерименти
Имате домашна по хемија? Вашиот татко сигурно ја правел домашната задача позабавна и интересна правејќи ви најразлични експерименти. Децата го обожаваат ова време поминато со татковците, за разлика од мајките кои ги набљудуваат експериментите зад затворени врати.
Се согласувате ли?