Научете ги да живеат: 30 опасни работи кои вашите деца мора да ги пробаат

Опасноста е нешто низ коешто децата мора да поминат и сакаат да поминат без разлика дали тоа вам ви се допаѓа или не. Дозволете им да доживеат некои работи кои секако може да им се случат колку и да ги штитите.

50-opasni-raboti-koi-vasite-deca-mora-da-gi-probaat-naucete-gi-da-ziveat-01

Затоа, бидете пријателски настроени и избегнете ги речениците како: „Немој ова, немој тоа, не се качувај на дрво, не ја допирај струјата, внимавај каде одиш...“ кои се само дел од речениците кои родителите секојдневно им ги кажуваат на своите деца.

Токму ваквите реченици  ги натерало група автори да напишат книга во која ќе ги опфатат 50-те најопасни работи кои би требало да им ги дозволите на вашите деца да ги направат. Оваа книга била одбиена од 16 издавачки куќи да биде испечатена  од страв дека многу од родителите може да ги тужат.

Сепак, авторите не се предале и книгата почнале да ја печатат по нарачка. Наскоро книгата станала една од најпродаваните на Аmazon.com.

Идејните творци на книгата сметаат дека со тоа што децата се изложуваат на опасни работи им овозможуваме да ја развијат креативноста , се учат да решаваат проблеми и истовремено да искусат малку забава. Авторите сакале да им покажат на родителите дека треба да се потсетат како и тие биле деца и ги правеле истите работи.

Некои од предлозите се едноставни и не толку опасни, а оние кои се поекстремни и поопасни наменети се за повозрасни деца. Во книгата за секој предлог има детално упатство како и предупредување за потенцијалните опасности.

50-opasni-raboti-koi-vasite-deca-mora-da-gi-probaat-naucete-gi-da-ziveat-3

Погледнете дел од овие опасни, но поучни предлози:

1. Дозволете му на детето да лизне батерија од 9 волти и ќе дознае каков е вкусот на електрицитетот.

2. Дозволете му да си игра надвор додека врне, ќе ја почувствува блискоста со природата.

3. Нека извежба салто нанапред, пред да му го забранат тоа и во училиште.

4. Да се бакнува во образ кога се поздравува.

5. Да ја извади раката од автомобилот во текот на возењето и да го почувствува струењето на воздухот.

6. Да кова шајки и да ја научи вештината за удирање со чекан.

7. Да проба да вози автомобил додека седи во вашиот скут.

50-opasni-raboti-koi-vasite-deca-mora-da-gi-probaat-naucete-gi-da-ziveat-5

8. Да фрла камења и да ги оживее своите примитивни нагони.

9. Да зоврие вода и да ја стави во хартиена чаша за да види како реагираат неспоивите елементи.

10. Да фрла работи од автомобил во движење и да си игра со брзината, гравитацијата и ветрот.

11. Да падне од високо место и да го научи падобранскиот доскок.

12. Да пали работи со помош на лупа и да ја совлада сончевата енергија.

13. Да пешачи од училиште до дома за да не биде разгалено дете кое секогаш го превезуваат со автомобил.

14. Да се качи на кров за да види каков е погледот од таму.

15. Да помине цел час со врзани очи и да го доживее светот преку другите сетила.

50-opasni-raboti-koi-vasite-deca-mora-da-gi-probaat-naucete-gi-da-ziveat-4

Уште 15 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 реални приказни од луѓе чии роднини со своето однесување им одат на нерви „Имам 17 години, а сестра ми 28 и мали деца, па кога и да дојдат на гости, остав...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg