Најчестите грешки на родителите
Лоши родители се оние кои ги тепаат децата, им се дерат, ги оставаат сами да се снаоѓаат додека тие се забавуваат. Но и добрите родители прават грешки. Некои грешки се такви што можат да ви го упропастат животот.
Ова се седумте најчести:
1. Избор на името
Сите родители сакаат нивните деца да бидат посебни, па дури и да имаат уникатни имиња, мислејќи дека така ќе успеат побрзо и дека ќе бидат полесно запаметени и познати.
Но, истовремено може да направат и голема грешка со имиња со странско потекло или старите имиња како Трајан, Стојанка, Вера, Благојче.
Не дека се тие лоши имиња, но соодветствуваат за некое друго минато време или за друго поднебје, па повеќе се чудни отколку интересни особено во текот на растењето на детето заедно со неговите врсници кои имаат обични имиња како: Марко, Дарко, Влатко, Марија, Ана, Ивана.
Многу од децата знаат да се шегуваат на таа сметка, а тоа оставило и последици кај некои деца со почудни имиња. Меѓу другото, научниците докажале дека во просек децата со вообичаени имиња побрзо и повеќе успеваат, а оние со понеобични имиња почесто се познати по лоши работи.
2. Останете свои
Добрите родители ги учат своите деца да бидат свои, да знаат што сакаат, да се водат само по сопствените размислувања, ставови и правила и да не потпаѓаат под влијание на друштвото и средината во која се наоѓаат, за да не се „расипат“.
Но, тука може да се направат и некои големи грешки кои може да им влијаат во понатамошното развивање.
Можеби е потребно децата да бидат делумно оставени сами да се пронајдат во средината и да си го најдат местото во друштвото. Бидејќи доколку не прифаќаат туѓо мислење, може да завршат сами на маргините на социјалниот живот.
3. Задолжително спорт
Секој родител сака детето да се занимава со спорт, да бидат здрави и убаво градени, а и популарни во друштвото заради тоа.
Но, докажано е дека децата чии родители премногу инсистирале да спортуваат, многу почесто лажеле од своите врсници. Покрај тоа сакале да победуваат по секоја цена без разлика на последиците.
Тоа е затоа што преамбициозните родители им вршеле притисок на децата да бидат како некој врвен спортист, а од сè останато се разочарувале.
4. Порано тргнување во училиште
Образованието не смее да чека. Уште ако вашето дете знае да зборува чисто, ја знае азбуката и да брои до 10, веднаш треба да оди на училиште, без разлика што неговите соученици се речиси цела година повозрасни.
Вашето дете е најпаметно. За жал, голема е веројатноста по кратко време откако се учат познатите работи, да му биде досадно и одбивно, а подоцна кога ќе дојдат потешките лекции соодветни за возраста на повеќето деца, тоа може да не успее како што можеби сте мислеле. Секоја чест на исклучоците.
5. Добро воспитани деца
Децата треба да бидат убаво воспитани. Да се однесуваат убаво, да бидат љубезни и пристојни. Тоа ќе ви го кажат сите родители, баби и дедовци. Но, тоа се деца, не и возрасни луѓе.
Не би требало да се однесуваат како возрасните луѓе, туку како деца и треба да бидат љубопитни. Не мора да бидат непристојни, но може понекогаш да кажат и нешто погрешно или да прашаат нешто срамно.
Родителите би требало да научат дека е многу мала разликата меѓу добро воспитаните деца и разгалените деца.
6. Бегајте од непознати
Јасно е дека сите родители би требало да ги предупредат децата да не земаат слатки од непознати, да не зборуваат со непознати и да бидат внимателни.
Но, професорот Суи Скот од Универзитетот Дурам вели дека родителите често грешат во воспитувањето. Децата кои се научени да се плашат од другите луѓе, тешко ќе се соочат со предизвиците во животот, а ќе имаат и страв од другите луѓе.
7. Пофалби
Сите родители сакаат да ги пофалат своите деца, но треба да внимавате да не претерувате со фалбите, па децата да мислат дека се најмоќни.
Наместо да ги фалите директно нив, подобро е да ја пофалите нивната постапка. Така ќе знаат што прават добро, а што лошо.