Низ илустрации: Како да најдете заеднички јазик со децата (и да ја подобрите комуникацијата)?

Не му ги забранувајте работите што му се важни

Можеби вам играњето фудбал со другарчињата ви е безначајно, но за детето ова е хоби од голема важност.

Штом детето завршило со училишните обврски и има слободно време, дозволете му да се посвети на работи што ги смета за важни.

niz-ilustracii-kako-da-najdete-zaednichki-jazik-so-decata-i-da-ja-podobrite-komunikacijata-04.JPG

Барајте совети од него

Детето ќе се чувствува сакано и ценето ако вие, како родител, некогаш побарате совет од него.

Дури и ако не ви треба, дури и ако е за ситница, одвреме-навреме консултирајте се со него.

Некогаш со ова ќе му помогнете и да си ги воочи своите грешки и слично.

niz-ilustracii-kako-da-najdete-zaednichki-jazik-so-decata-i-da-ja-podobrite-komunikacijata-06.jpg

Не ги потценувајте неговите чувства

Дури и ако не можете да разберете зошто детето е тажно или разочарано, дури и ако сметате дека неговите грижи се „детски“, не ги третирајте како да не се важни.

Секогаш давајте му простор на детето да ги сподели своите чувства и понудете му поддршка кога не се чувствува добро.

На овој начин ќе го научите да се справува со своите емоции, но и ќе ја стекнете неговата доверба.

Па, во иднина, кога ќе има и посериозни проблеми, нема да ги крие од вас и ќе знае дека сте овде за него.

niz-ilustracii-kako-da-najdete-zaednichki-jazik-so-decata-i-da-ja-podobrite-komunikacijata-07.jpg

Не ја заборавајте смислата за хумор

Преку хуморот, можете да му го подобрите расположението на детето во многу ситуации, а и ќе направите да се чувствува удобно и безбедно покрај вас.

Некогаш хуморот може да ви помогне и во воспитувањето – наместо да му држите сериозни лекции на детето, пробајте преку некоја шега да ја доловите поентата.

Децата подобро реагираат на хумор отколку на многу сериозни разговори.

niz-ilustracii-kako-da-najdete-zaednichki-jazik-so-decata-i-da-ja-podobrite-komunikacijata-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Жртвував сѐ за да бидам добра мајка, сега на 55 години се прашувам дали воопшто вредеше“ „Ја жртвував сопствената кариера за да бидам тука за децата и сакам да верувам д...
Како да препознаете дека вашето дете не ве почитува доволно? Детето кое не ги почитува вашите лични граници може да влезе во спалната соба бе...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg