9 знаци дека имате токсични родители + како да го намалите негативното влијание од нив
Дистанцирајте се
Ова не значи дека треба целосно да се оддалечите од родителите и да престанете контакт со нив.
Туку, кога ќе почнат да прават нешто што ви пречи, не го сфаќајте лично.
Ако, на пример, постојно се жалат без причина, немојте да мислите дека треба да им помогнете.
Сами поставете си граници во односот со нив и не се чувствувајте лошо поради тоа.
Избегнувајте ризични теми
Ако, на пример, вие сте завршиле правен факултет, а родителите сакале да станете доктор, и ви приговараат за тоа, тогаш избегнувајте ја оваа тема.
Доколку самите почнат да зборуваат за тоа, сменете ја темата на разговор.
Пробајте да спречите ескалирање на ситуацијата
Кога родителите ќе почнат да прават или да зборуваат нешто што ви влијае лошо, пробајте да останете неутрални.
Кога нема да изреагирате бурно и да покажете емоција, поверојатно е и самите да го променат однесувањето или темата на разговор.
Смислете 2-3 фрази со кои ќе можете да ставите крај на разговорите
Точно е дека кога станува збор за токсични родители никогаш не знаете за што ќе се „фатат“.
Па, смислете некоја фраза за миговите кога ќе ви даваат несакани совети или поуки.
Можете да речете „Можеби си во право“, или „Треба да размислам“.
На пример, доколку родителот почне да ви „соли“ памет за тоа како ги трошите вашите пари, само речете му „Можеби си во право“.
Спирова С. | Црнобело