9 знаци дека имате токсични родители + како да го намалите негативното влијание од нив
Родителите ви љубоморат, а кога разговарате, зборуваат само за себе. Кои се другите знаци дека можеби имате токсични родители?
Без разлика на која возраст сте и дали (не) живеете со вашите родители, доколку се токсични личности, можно е да го чувствувате негативното влијание целиот живот.
Некогаш на луѓето им е тешко да си признаат дека имаат токсичен родител бидејќи сепак го сакаат.
Но, мора да бидат свесни за да можат да се заштитат.
Девет знаци дека имате токсични родители:
Ви љубоморат и/или пробуваат да се натпреваруваат со вас
Дали родителите ве поддржувале кога сте успевале во нешто, или секогаш имале замерки и критики?
Во вториот случај, можно е да станува збор за љубомора од нивна страна.
Тoксични родители се и оние кои пробуваат да им докажат на своите деца дека се подобри од нив.
Ве споредуваат со други
На секој родител може да му се случи да го спореди своето дете со туѓо.
Но, ако вашите родители постојано го правеле ова, дури и за ситници, веројатно се токсични личности.
Некогаш токсичните родители ги споредуваат децата и со нивните браќа и сестри, што може да има мошне лошо влијание врз самодовербата.
Постојано глумат жртви
Постои разлика меѓу тоа родителот да ви споделил некој проблем и тоа постојано да се жали за сè.
Постојаната негативност создава токсична околина која има лошо влијание врз менталното здравје на децата.
Не ги почитуваат вашите граници
Дали родителите го почитуваат вашето време или очекуваат да сте достапни за нив 24/7?
Нормално дека родителите треба да можат да се потпрат на своите деца, но треба да ги почитуваат и нивните граници.
Секогаш се во право
Дали честопати сте биле во ситуација родителите не признаваат вина, дури и кога е очигледно дека се виновни?
Токсичните луѓе сметаат дека секогаш се во право и никогаш нема д отстапат од својот став.
Ви поставуваат ултиматуми
Некогаш родителите треба да бидат и строги за да ги воспитаат децата.
Но, размислете дали родителите само биле строги или постојано ви поставувале ултиматуми?
Децата не треба да се плашат од родителите и да мислат дека треба да ја заработат нивната љубов.
Сите разговори се само за нив
Дали ви се случило да зборувате цел час со некој од родителите, за да сфатите дека целиот разговор бил само за него?
Дури и ако сте пробале да ја промените темата, повторно сте се враќале на него.
Ако ова се случува често или секогаш, тогаш станува збор за токсична личност.
Ви ја трошат енергијата
Ако се чувствувате изморено и ви треба психички одмор по разговор или средба со родителите, тогаш веројатно се токсични личности.
Интеракцијата со вакви луѓе е исцрпувачка за секого.