Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации
Кога некој непознат се обидува да направи да се чувствуваме виновни за нешто
За возрасните, некултурните и зајадливи коментари не се страшни, но децата знаат да реагираат бурно во такви ситуации.
Родителот треба да го научи детето да се справува во такви ситуации и да му покаже која е правилната реакција.
Ако замерките што некој непознат ви ги упатува се основани, тогаш добро е да се извините и да се потрудите да го поправите однесувањето.
Кога некој непознат (и неодговорен) родител ќе побара од вас да му го причувате детето
На секој родител некогаш му е потребно некој да му го причува детето барем на неколку минути, но постојат и такви родители што безобѕирно знаат да ја злоупотребат добрината на другите.
Затоа, ако не ја познавате личноста што од вас ќе побара да ѝ го причувате детето само на кратко, најдобро е веднаш да одбиете.
Кога луѓето постојано имаат изговори за тоа што нивното дете е непослушно
„Па тоа е само дете...“, „Момчињата се такви...“, „Што да правиш, девојче е...“, „Сега е во таква фаза...“
Ова се само некои од фразите со коишто некои родители се обидуваат да најдат изговор за лошото и невоспитано однесување на нивните деца.
Обидете се да поразговарате со родителите за однесувањето на нивните деца, а ако тоа не помага, најдобро е да се оддалечите и вие, но и да не дозволувате вашето дете да се дружи со нивното.
Кога возрасните му дозволуваат на детето да прави што сака
Во некои домови, на децата им е дозволено сѐ. Може да јадат колку сакаат чипс или чоколадо, да пијат цели шишиња сок, никој не ги надгледува што гледаат на телевизија, дали скокаат по мебелот...
Единствено што не смеат да прават е да ги вознемируваат возрасните.
Затоа, не им дозволувајте на децата да одат во таква средина. Ако вашите деца се дружат, тогаш подобро е тоа да го прават во вашиот дом, каде што имате целосна контрола над ситуацијата.
Кога пријателите ќе почнат да се фалат со успесите на нивните деца
Секој родител верува дека неговото дете е најталентирано, најинтелигентно и најубаво.
Но, понекогаш некои родители не се ниту свесни дека претеруваат со фалењето, па затоа подобро е да се обидете да побегнете од таквите разговори, затоа што тие нема да престанат со фалбите сѐ додека не ве заболи главата и ќе ви се чини дека на разговорот му нема крај.
Б. С. Б. | Црнобело