Психолошки трикови за да го натерате детето да ве слуша, низ илустрации
Наместо да му наредувате дајте му избор. Наместо да го критикувате – пофалете го! Како да го натерате детето да ве слуша, со неколку едноставни психолошки трикови?
Децата почнуваат да се однесуваат лошо, заради различни ситуации.
Понекогаш знаат да плачат со часови само за да го добијат тоа што го сакаат, а како што се осознаваат себеси, почнува да им се допаѓа и чувството на моќ што го добиваат над средината или родителите.
Како родители и старатели, понекогаш тешко ни е да се справиме со нивното однесување, но постојат психолошки трикови, што може да ни помогнат во дадените ситуации.
Во продолжение погледнете 11 такви трикови, што може да ви се најдат:
Кога децата имаат тантруми, одвлечете им го вниманието
Сфатете дека со детето што има тантруми и што плаче, не можете да се разберете. Можеби вам ви се чини дека проблемот за којшто детето плаче е бесмислен, но тоа за него не е така.
Ако го прашате во која боја му е облеката или чевлите, многу лесно ќе му го одвлечете вниманието.
Трикот е во тоа што детето сигурно не размислува во моментот што носи на себе, и веднаш ќе го натерате да се сконцентрира на тоа.
Бидете трпеливи и немојте веднаш да ги критикувате
И на возрасните може да им се случи да згрешат кога прават нешто за првпат, па затоа тоа е сосема нормално и за децата.
Затоа мошне е важно да бидете трпеливи како родители и да ги охрабрувате нивните напори, наместо веднаш да се свртите кон критики.
Објаснете им што може да се случи ако не ве послушаат
Можеби во минатото било вообичаено одговорот на родителите да биде „Затоа што јас така велам“ и да не навлегуваат во суштината на проблемите, но денес сме свесни дека тоа воопшто не е добро.
Подобро е на детето да му ги објасните последиците што може да се јават заради неговото однесување и да го научите како да носи правилни одлуки.
Не ги терајте да јадат сосила
Ако детето одбива да јаде, а бара да земе десерт, најдобро е омилените слатки да му ги понудите како награда за изедениот оброк.
Секогаш трудете се да најдете добар компромис и дајте им понуда што не можат да ја одбијат. Така ќе веруваат дека самите го направиле вистинскиот избор.
Креирајте рутина во домот што мора да ја следат и дајте им награда за тоа
Потрудете се од мали нозе да им воведете рутина. Децата треба да знаат во колку часот се гаси телевизорот, кога треба да им помогнат на родителите, да ги измијат забите и да си легнат во кревет.
Ако сакате да бидете креативни, можете да им направите табела со должности за месецот.
Ако ја следат рутината еден месец, ќе ја добијат наградата што долго време ја посакувале.
Направете да се чувствуваат дека имаат избор
Наместо да му наредувате на детето, дајте му избор од повеќе работи што може да ги направи. На тој начин многу полесно ќе го натерате да ви помогне со обврските.