Предмети во детската соба кои можат да бидат опасни за бебиња и многу мали деца

Ќебиња и прекривки

Не е препорачливо да го оставате детето само покриено со ќебенце додека не наполни барем една година.

Кога се покриени со ќебенце, бебињата лесно можат да си го префрлат врз главата и да се задушат.

Што значи, ако користите ќебенце, користете го само кога го гледате вашето бебе. Подобра алтернативна се вреќите за спиење.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-06.jpg

Играчки со батерии

Проблемот во овој случај се самите батерии кои може да се извадат и детето да ги голтне.

А, последиците од ова можат да бидат навистина опасни.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-07.jpg

Нестабилен мебел

Осигурете се дека креветчето на бебето е стабилно и издржливо и истото важи за секое парче мебел каде што ќе го ставате вашето дете.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-08.jpg

Ароматични свеќи и освежувачи на воздух

Продуктите за освежување на воздухот можат да ги иритираат нежните дишни патишта на вашето бебе, без разлика колку се природни.

Покрај тоа, дури и кога станува збор за обична мирислива свеќа, не можете да знаете какви точно хемикалии испаруваат од неа кога ќе ја запалите.

Затоа, целосно избегнувајте ги овие продукти во присуство на бебе и мало дете.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-09.jpg

Кадифени играчки со долго „крзно“

Во овој случај проблемот е тоа што кога крзното на играчката е подолго, на бебето може да му биде полесно да искорне делче од него.

Ако, пак, го стави во уста, може да се задуши.

predmeti-vo-detskata-soba-koi-mozhat-da-bidat-opasni-za-bebinja-i-mnogu-mali-deca-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
5 пози што ќе им го олеснат доењето на новите мајки Ако вашето малечко безуспешно се обидува да се „намести“ правилно, не очајувајте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg