Психолошки грешки на родителите, заради кои децата стануваат „нарциси“, низ илустрации
Внимавајте со комплиментите
Сосема е нормално децата да очекуваат признание и внимание од родителите, но треба да бидете внимателни како им ги давате комплиментите.
Едно е на детето да му кажете дека е најпаметно и најубаво во одделението, а сосема друго е да му кажете дека тоа што го прави е правилно и добро.
Преголемиот број комплименти може да биде контрапродуктивен.
Поставете јасни граници
Се знае дека нарцисоидните личности ќе направат сè за да ги истераат работите по свое и затоа многу е важно родителите уште од мали нозе да научат да постават граници, без да ја ограничат слободата на размислување на детето.
Ваквите граници ќе го научат детето дека не може секогаш да го добие тоа што го бара, веднаш и без одложување.
Не ги споредувајте со другите деца
Нарцисоидните личности мора да се чувствуваат дека се подобри од другите. Затоа е многу важно децата да научат дека нивната вредност не зависи од успехот или неуспехот на луѓето околу нив, туку од тоа што самите се трудат да го направат.
Затоа воопшто не е добро децата од најмала возраст да ги споредувате со нивните врсници или, пак, со роднините и другите деца во семејството.
Никогаш не дозволувајте да се сомневаат во тоа дека ги сакате
Кажувајте му постојано на вашето дете дека го сакате и уверете го во тоа.
На тој начин тие ќе научат што значи безусловна љубов, да се чувствуваат ценето и ќе изградат самодоверба без да се залажуваат себеси дека се супериорни над другите.
Б. С. Б. | Црнобело