Не ги плашат со Баба Рога: Како Јапонците ги воспитуваат децата секогаш да бидат мирни и учтиви?

На нивниот начин на вопитување се воодушевува целиот свет. Јапонците не се служат со закани при воспитувањето на децата, не ги запишуват во градинка и не ги оставаат на баба и дедо да ги чуваат.

ne-gi-plasat-so-policija-i-baba-roga-kako-japoncite-gi-vospituvaat-decata-sekogas-mirni-i-uctivi-01.jpg

Јапонија е земја на која многумина ѝ се восхитуваат поради многу причини, а една од најголемите е начинот на воспитување на децата.

Сите сме имале можност да слушнеме колку Јапонците се упорни и истрајни и никогаш не ја губат присебноста. 

Такви се затоа што биле такви како деца и на тој начин биле воспитувани.

Нивните деца се многу поразлични од децата од Западот.

Тие се умерени и добро воспитани, ги слушаат родителите и никогаш не стануваат хистерични и бесни. Која е тајната?

ne-gi-plasat-so-policija-i-baba-roga-kako-japoncite-gi-vospituvaat-decata-sekogas-mirni-i-uctivi-05.jpg

Јапонците многу ги ценат семејните врски

Кај нив има близок однос меѓу старите и младите заснован на длабоко сочувство и взаемна грижа, што, за жал, не може да се види никаде на друго место во светот. 

Старите луѓе во Јапонија се сметаат за извор на мудрост и уживаат посебно внимание и почит.

Од друга страна, старите луѓе имаат многу трпение и љубов кон младите.

Старите Јапонци се однесуваат како ментори, а не како критичари и спроведувачи на казни. 

Во исто време, тие имаат многу строги граници. На пример, се смета дека е неприфатливо бабите и дедовците да одгледуваат внуци, бидејќи родителите немаат доволно време. 

Семејните врски во Јапонија не се засноваат на „размена на услуги“, туку на верување дека сè на овој свет има свое место.

ne-gi-plasat-so-policija-i-baba-roga-kako-japoncite-gi-vospituvaat-decata-sekogas-mirni-i-uctivi-07.jpg

Родителите се трудат да ги научат децата на емпатија

Кревањето на тонот на гласот на дете во Јапонија е еднакво на сите други, сурови казни.

Доколку детето скрши играчка или не се однесува добро не се служат со закани од типот „Ќе дојде полицаецот по тебе“, или „Сега, ќе ја викнам Баба Рога“, туку го казнуваат со строг поглед или гест кој означува неодобрување.

Децата уште од раното детство учат да бидат свесни и да се грижат за сѐ околу себе.

ne-gi-plasat-so-policija-i-baba-roga-kako-japoncite-gi-vospituvaat-decata-sekogas-mirni-i-uctivi-02.jpg

Најголемата тајна е слободното време

Јапонците слободното време го поминуваат со своите деца. Учењето не го сметаат за посебна активност, туку сè прават заедно.

Во Јапонија многу ретко се случува мајка да запише дете во градинка ако нема најмалку три години. 

Јапонките ги носат своите деца со нив буквално секаде, бидејќи веруваат дека таквата физичка блискост создава длабоки и силни врски.

ne-gi-plasat-so-policija-i-baba-roga-kako-japoncite-gi-vospituvaat-decata-sekogas-mirni-i-uctivi-001.jpg

Бебињата спијат во иста соба со родителите

Оваа блискост помага во градењето на силни емоционални врски меѓу родителите и децата.

ne-gi-plasat-so-policija-i-baba-roga-kako-japoncite-gi-vospituvaat-decata-sekogas-mirni-i-uctivi-09.jpg

Децата се капат со родителите

Оваа пракса не е вообичаена во многу други култури и може да делува необично, но во јапонската култура мајките се капат со децата додека не наполнат 16 години.

Оваа интимност допринесува во зајакнување на врската меѓу родителите и децата, пружајќи им чувство на сигурност и прифаќање.

ne-gi-plasat-so-policija-i-baba-roga-kako-japoncite-gi-vospituvaat-decata-sekogas-mirni-i-uctivi-08_copy.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
„Им љубоморам на моите деца – имаат поубаво и полесно детство од моето“ „Кога бев дете, секое саботно утро ми беше жртвувано – морав да ја косам тревата...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...
6 работи со кои родителите несвесно им штетат на своите деца Не им ставате крем со фактор кога излегуваат на сонце и не им купувате соодветни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg