Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тест за бременост – 10 работи што треба да ги знаете пред сами да се тестирате

Не брзајте да ги прочитате резултатите

Иако може да ви се чини дека резултатите се веднаш видливи, најдобро е да почекате да помине препорачаното време за да бидете сигурни дека тестот е навистина позитивен или негативен.

Ако е потребно, наместете си аларм на телефонот или штоперица за да бидете сигурни дека навреме ги читате резултатите.

test-za-bremenost-10-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-pred-sami-da-se-testirate-dali-ste-vo-blazhena-sostojba-07.jpg

Не правете тестови што се со поминат рок на траење

Да, и тестовите за бременост имаат рок на траење. Хемикалиите во премногу старите тестови може да се потрошени и да не можат да го детектираат правилно нивото на HCG во урината.

Најдобро е за секоја проверка да купувате нови тестови за бременост.

test-za-bremenost-10-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-pred-sami-da-se-testirate-dali-ste-vo-blazhena-sostojba-08.jpg

Немојте да консумирате премногу вода пред да го направите тестот

Пиењето премногу вода или течности пред да го направите тестот може да ја разреди урината и да влијае врз точноста на неговиот резултат.

Затоа, ако забележите дека урината ви е речиси безбојна или со бледо жолтеникава боја, најдобро е да почекате за да го направите тестот.

Наместо да пиете течности за побрзо да ви се приоди во тоалет, почекајте телото само да ви каже кога е вистинскиот момент да го направите тоа.

test-za-bremenost-10-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-pred-sami-da-se-testirate-dali-ste-vo-blazhena-sostojba-10.jpg

Никогаш не се потпирајте само на тестовите за бременост

Откако ќе направите тест за бременост, задолжително закажете и лекарски преглед.

Тестот може само да ви укаже на тоа дали постои или не постои бременост, но со ехо прегледот ќе утврдите дали сѐ е во ред со бременоста и дали случајно немате вонматерична бременост, што може да биде мошне опасно.

test-za-bremenost-10-raboti-shto-treba-da-gi-znaete-pred-sami-da-se-testirate-dali-ste-vo-blazhena-sostojba-11.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

„Дружете се со луѓе што имаат добар брак“ и уште 9 корисни совети за бракот „Ако го ставите бракот на прво место – и децата и вашиот брак ќе имаат корист. А...
„Одлучив да немам деца – како ми изгледа животот и (дали зажалив)?“ „Мислам дека само трошам време. Животот без деца сега ми е некако здодевен и без...
Низ илустрации: Како се менува животот на жените откако ќе станат мајки? Наместо фотки од миленикот, пријателите и патувањата, во галеријата на телефонот...
13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
„Работи кои реков дека нема никогаш да ги направам како родител, a сега ги правам“ „Велев дека никогаш јас нема да ја користам фразата ‘Затоа што јас кажав така’ и...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg