„Сопругот добива комплименти бидејќи ја сменил пелената на нашето бебе“ – Двојните стандарди за мајките и татковците
Ако мајката купи хамбургер за ручек, тогаш е мрзлива. Ако таткото го направи тоа, тогаш е „кул“ родител. Што мислите за двојните стандарди со кои се соочуваат мајките?
Веројатно не постои мајка која не се соочила со двојни стандарди кога станува збор за грижата за нејзиното дете.
Додека од мајката е очекувано да се грижи за секоја ситница поврзана со детето, таткото го ставаат на пиедестал дури и само ако смени пелена.
Без разлика што во повеќето модерни семејства работат и двајцата родители, сепак мајката е таа која го носи целиот товар.
Ова го забележала и Луси Финк – 31-годишна видео продуцентка и инфлуенсерка, како и мајка на едно дете.
Иако Луси е среќна со сопругот, сепак не ѝ се допаѓаат двојните стандарди со кои се соочени сите мајки.
Со цел да покаже со што се соочуваат повеќето мајки, таа направи видео на кое прикажува ситуации од секојдневието на мајките и татковците.
Притоа, во секоја сцена го додава и мислењето на јавноста.
Кога мајката го проверува телефонот додека го шета детето, тогаш е невнимателна. Кога таткото го прави истото, тогаш тој е грижлив родител бидејќи минува време со детето.
Или, кога мајката ќе купи хамбургери за ручек, тогаш е мрзлива. Но, кога таткото ќе го направи тоа, тогаш е „кул“ родител.
Кога мајката го лула детето на лулашка, тогаш е „обична“ и „неоригинална“. Таткото во истата ситуација се гледа како прекрасен родител.
Кога мајката му чита приказни на детето пред спиење, тоа е очекувано од неа. Кога таткото ќе го направи тоа, тогаш „глуми дадилка“.
Кога жената работи и се грижи за детето, тогаш е вработена мајка, како тоа да е нешто невообичаено за мајките. Кога мажот работи, никој не додава дека е вработен татко.
„Да разјаснам, ова не е коментар за мојот партнер, туку ова е двојниот стандард што го гледам ширум светот“, пишува во описот.
@luciebfink Why am I crying…🥺 To be clear: this isn’t a comment on my partner, this is a double standard I see around the world. Words & concept inspired by momlife_comics (Mary Catherine Starr) and her viral comic #doublestandards #parenting #momtok #momlife #momsanddads #momsoftiktok #societystandards #societalstandards #society #parents #newparents #momlifecomics #momlife
♬ What Was I Made For? [From The Motion Picture "Barbie"] - Billie Eilish
Во коментари, повеќето сметаат дека двојните стандарди не се во ред.
„Очекувањата за татковците се прениски“.
„Изгледа дека потребно е малку да те наречат ’лоша мајка‘ и потребно е да направиш малку за да те наречат ’добар татко‘“.
„Сопругот добиваше комплименти бидејќи ја сменил пелената на нашето бебе! Бев многу гневна“.
„Жените во моето семејство постојано го фалат мојот сопругот и ми кажуваат колку сум среќна. Јас никогаш не добивам комплименти. Едноставно, од мене е очекувано да ги завршувам сите обврски“.
„Како дадилка, можам да погодам кои бракови ќе траат, само според тоа колку се татковците вклучени во грижата за бебето и колку мајките чувствуваат благодарност“.
„Татковите можат да прават малку, а сепак да ги сметаат за добри татковци. Мајките можат да дадат сè од себе, и никогаш нема да биде доволно“.
Што мислите за двојните стандарди со кои се соочуваат мајките?
Спирова С. | Црнобело