7 знаци дека сте добар родител, дури и кога ви е тешко да верувате во тоа
Ја почитувате приватноста на вашето дете и тоа ги споделува неговите проблеми со вас – постојат некои работи кои се јасен знак дека сте добар родител кој правилно го воспитува своето дете.
Без разлика што родителите им го мислат најдоброто на своите деца, тие не се совршени и некогаш прават грешки.
Поради овие грешки, децата можат да ја изгубат довербата во родителите, да им се сруши самодовербата или да пораснат во невоспитани личности.
Ако се сомневате во себе, следниве знаци се доказ дека сепак сте добар родител:
Детето ги споделува неговите проблеми со вас
Штом вашето дете ви кажува за неговите проблеми и грижи, тоа значи дека ви верува.
Знае дека нема да го осудувате, ќе му покажете разбирање и дека ќе сакате да му помогнете.
Ова е еден од главните знаци дека сте добар родител.
Не го форсирате да биде најдобар ученик во класот
Не секое дете може да биде најдобар ученик и не секое дете може да има петка по сите предмети.
Ако сте свесни за ова, вие сте добар родител.
Ова не значи дека му дозволувате на детето да го запостави образованието.
Туку, кога гледате дека го дава најдоброто од себе, но сепак извадило послаба оценка, не го казнувате и слично, туку му помагате да се подобри.
Ја почитувате неговата приватност
Многу е важно децата да имаат свој личен простор кој родителите го почитуваат.
Ако ја почитувате приватноста на вашето дете, ако не му пребарувате по фиоките и ранецот без дозвола и слично, дефинтивно сте добар родител.
Не го критикувате
Критиките од родителот можат да бидат најболното нешто за едно дете.
Навредите како тоа дека е мрзливо и слично можат да му ја срушат самодовербата и да имаат влијание врз него дури и кога ќе порасне.
Вие сте добар родител ако му ги посочувате грешките на вашето дете на смирен начин, без критики и навреди.
Си ги признавате грешките и се извинувате
Само затоа што сте родител, не значи дека секогаш сте во право.
А, ако си ги признавате грешките и му се извинувате на детето, тогаш дефинитивно го воспитувате добро.
Со ова, вашето дете ќе ви верува, но и самото ќе научи дека треба да ги признава своите грешки.
Не ги критикувате неговите интереси и хобија
За жал, уште доминира верувањето дека постојат машки и женски хобија.
На пример, многу родители се убедени дека нивните синови треба да тренираат некој спорт, а ќерките треба да се интересираат за танцување, облека и слично.
Кај добрите родители не постојат овие предрасуди – тие ги поддржуваат интересите и хобијата на нивните деца.
Му верувате на вашето дете
Некои родители секогаш им веруваат на возрасните, наместо на нивните деца.
Односно, ако некој возрасен каже дека детето направило нешто лошо, родителите веднаш му веруваат и го казнуваат своето дете.
Но, не сите возрасни ја кажуваат вистината.
Па, ако сте добар родител, кога сте во ваква ситуација прво разговарате со вашето дете, па потоа донесувате заклучок дали е виновно или не.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





