„Сопругот ми рече дека не правам ништо, 2 дена не чистев - погледнете како ми изгледа домот“ (видео)
„Најлошо е што ти ќе треба сѐ сама да исчистиш на крај“ – велат во коментари жените кои го виделе видеото на оваа жена која покажа како му се одмаздила на сопругот затоа што ѝ рекол дека не работи ништо во домот.
Жените честопати се обвинувани дека не прават ништо во домот, иако најчесто тие го собираат целиот неред настанат зад сопругот и децата.
Расфрлани играчки, неизмиени садови, купишта облека... Можете ли да замислите како би изгледал домот ако домаќинката одлучи дека навистина не сака да работи ништо во домот?
Линдзи Донели била вознемирена откако сопругот ѝ рекол дека „ништо не прави во домот“ па одлучила да му се одмазди.
Видеото во кое се гледа како изгледа нејзиниот дом откако таа два дена не сакала да го чисти нередот досега има над 15,7 милиони прегледи, а таа доби голем број коментари од жените што ја следат.
„Навистина е тажно што мора да ја играш неговата игра. За жал, ништо од тоа не функционира, тој ќе се прави дека не гледа“,
„На крај дури и ќе ѝ каже дека треба да се засрами и да го исчисти целиот неред“,
„Најлошо е што ти ќе треба сѐ сама да исчистиш на крај“,
„Го направив истото две седмици. Оттогаш, па наваму за чудо нема потреба да го молам да ми помогне да исчистиме“,
„Јас го направив спротивното. Му праќав фотографии секојпат кога ќе направев по нешто. По два дена му стана јасно“ – стои во дел од коментарите.
Погледнете како изгледа домот на Линдзи откако таа 2 дена не правела ништо:
@lindsaydonnelly2 Then I left town for a girls trip… #marriagehumor
♬ Karma (feat. Ice Spice) - Taylor Swift
Б. С. Б. | Црнобело