13 предизвици со кои се соочуваат жените во бременоста и на породилно (без да знаат однапред)
Заборавете на фразите од типот „никогаш нема да носам градник без push-up“ – ќе носите. Очекувајте дека ќе им здосадите на пријателките со разговори само за детето, независно колку забавна личност сте. Се лажете ако мислите дека вас домот секогаш ќе ви биде среден и организиран... Во кои замки ќе паднете штом ќе се соочите со бременост и породилно?
Многу девојки живеат во заблуда и честопати кажуваат фрази од типот „јас никогаш нема да правам вака“, но кога ќе дојде моментот на бременост и породување, работите се менуваат.
Истите девојки паѓаат во замки верувајќи во нешто погрешно, но кога ќе се соочат со реалноста, сфаќаат дека сите околу нив биле во право.
Секако, иако овие периоди си носат свои тешкотии и предизвици, тоа не значи дека не се убави не вредат, но интересно е да се споделат некои од најчестите работи кои се реалност, а многумина не веруваат во нив претходно (или не ги знаат).