40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам)

„Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му правиш вежби за карлицата“, „Спиј додека спие бебето“ се дел од советите што ги добиваат новите родители. Овие совети често доаѓаат од луѓе кои мислат дека знаат сè, па со тоа уште повеќе ве нервират. 

40-najiritantni-soveti-za-novite-roditeli-koi-verojatno-vi-gi-kazhuvale-i-vam-01.jpg

Новите родители велат дека добиваат преку 200 иритирачки совети во првите шест месеци откако ќе се роди нивното бебе.

Во анкета што ја спроведе Ergobaby, а ја пренесе Mirror, 1.000 родители со деца на возраст од 0 до 7 години открија какви сè совети добивале низ годините и кои работи најмногу ги иритирале.

Според испитувањата, 44% од родителите рекле дека првиот совет го добиле веднаш штом им кажале на луѓето дека чекаат дете, а дека најздодевните совети им ги дале луѓе постари од 50 години.

Овие иритирачки совети не го добивале само мајките, туку и татковците.

40-najiritantni-soveti-za-novite-roditeli-koi-verojatno-vi-gi-kazhuvale-i-vam-07.jpg

Скоро сите нови родители рекле дека најмногу им пречи тоа што и кога не барале совет, луѓето кои им се блиски или некои подалечни пријатели или роднини, сепак им кажувале што треба да прават.

Некои признале дека се смешкале додека ги слушале советите, а други не можеле да издржат, па се карале и викале на цел глас.

Во продолжение прочитајте ги 40-те најиритантни совети што ги добиваат новите родители:

1. Спијте кога спие бебето.

2. Секогаш го правев ова, а моите деца беа добро.

3. Престанете да го држите бебето толку многу во раце, ќе го разгалите.

4. Мора да имате имате уште едно дете - во спротивно сте себични, а вашето прво дете ќе страда или ќе биде разгалено.

5. Не го држиш правилно бебето.

40-najiritantni-soveti-za-novite-roditeli-koi-verojatno-vi-gi-kazhuvale-i-vam-05.jpg

6. На бебињата треба да им се дозволи да плачат.

7. Ако му дозволиш на бебето да се однесува вака, тоа ќе ти направи проблеми во иднина.

8. Не му давај на бебето да се занимава со телевизор, ајпад, мобилен.

9. Не дозволувајте децата да спијат со вас од бебиња, никогаш нема да заминат.

10. Не се секирај, тоа се само грчеви.

11. Дефинитивно ќе се чувствуваш емотивно цело време, ама тоа ти е од хормоните.

12. Времето поминува толку брзо, уживај во секоја секунда.

13. Бебето плаче затоа што е преморено.

14. Мора да почнеш да му даваш бебешки каши кога ќе го одвикнуваш од доење.

40-najiritantni-soveti-za-novite-roditeli-koi-verojatno-vi-gi-kazhuvale-i-vam-03.jpg

15. Куклите ќе го одложат говорот или ќе му ги уништат забите.

16. Бебињата само се обидуваат да манипулираат со вас.

17. По некое време треба да го навикнеш бебето на цврста храна.

18. Верувај ми, ќе ти недостига ова време.

19. Пред да се свестите, тие веќе ќе одат во средно училиште.

20. Го храниш на 15 минути, сигурно не е пак гладно.

40-najiritantni-soveti-za-novite-roditeli-koi-verojatno-vi-gi-kazhuvale-i-vam-03_1.jpg

Уште 20 совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 совети од родителите што ги разбираме дури откако ќе пораснеме, низ илустрации Во тинејџерските години секој совет од родителите низ звучи како непријателски н...
Мамо, не мораш да бидеш супер жена - сакам да те паметам насмеана „Мамо, еден ден кога твоето тело ќе се измори ретко кој ќе се сеќава дека си се ...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Kако да се справите со несаканите совети за децата, низ илустрации Како да реагирате на родителите што постојано се фалат со успесите на нивните де...
„Не сакав да имам дете во 20-тите години и да си го сменам животот од корен, станав родител подоцна“ „Луѓето претпоставуваат дека се каам што станав родител на подоцнежни години, но...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg