Зошто новородените бебиња во Финска спијат во картонски кутии?
Во Финска стотици новородени бебиња секој ден спијат безгрижно, но не во креветче, туку во картонска кутија. Иако ова ви звучи чудно и неудобно, се работи за традиција која трае веќе 75 години.
Традицијата започнува во 1930-та година и важи за сите мајки и бебиња во Финска, без оглед на финансиската ситуација во која се наоѓаат.
Кутијата од првиот ден, па во наредните неколку месеци е единственото креветче на бебето, а првата добра работа е што не зазема голем простор.
Меѓутоа, тоа е само почеток. Тајната на кутијата е во тоа што во неа се наоѓаат над 40-50 парчиња облека и предмети кои се неопходни за правилниот развој на бебето.
Од пелени, вреќа за спиење, производи за бањање, постелнина и душек, па сè до топла облека, скафандери и некои електрични апарати како пумпа за измолзување млеко од мајката.
Кутијата е подарок од државата, а секоја мајка може да избере дали ќе ја прифати или пак ќе сака да ја замени за паричен надоместок од 140 евра.
Сепак, 95% од мајките ја избираат кутијата, заради тоа што се свесни дека нејзината вредност е барем 2 пати поголема.
После ова, не звучи така лошо што бебињата го започнуваат животот во картонска кутија...