Скопската чаршија е место за сè, и за шетање, и за пазарење, танцување до раните утрински часови, час по историја и враќање назад во времето, за кафе со пријателите, за ручек со семејството, гордост наша пред странците… Таа била, е и ќе остане култно место во градот.