Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сараево е ризница на урбани, модерни места каде што ќе имате незаборавен провод – 5 локали кои мора да ги посетите

Иако календарот ни покажува дека летото е при крајот, сè уште можеме да го искористиме пријатното време за кафе на сонце, вечерни излегувања или пак дружба со пријателите на пријатен ручек.

Saraevo-5-lokali-koi-mora-da-gi-posetite-01.jpg

Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, од оваа сезона е побогат за многу нови угостителски објекти, а овие 5 заслужија особено внимание. Доколку планирате патување, и покрај претстојните 630 km до дестинацијата, веруваме дека Сараево ќе ги исполни сите ваши очекувања и ќе ја оправда должината на патот.

Кои се петте сараевски локали кои треба да се најдат на вашиот список за задолжителна посета?

Кафе во Kawa

Прекрасен ентериер, одличен амбиент и неверојатен поглед на градот. Тераса на која ќе посакате да испиете многу повеќе од само едно кафе.

Автентична италијанска пица во Margherita

Во потрага по автентична италијанска Наполитана пица? Овој нов ресторан ќе ги исполните вашите очекувања. За подготовката на пиците се користи домат од сортата Сан Марзано, брашно со голем процент на протеини и маслиново масло од Истра.

Одлично мезе во Bure bez dna

Овој паб нуди секаков тип на мезиња во стилот на шпанските тапаси. Многу вкусна храна, разновидни пијалаци и музика, опуштена атмосфера. Што повеќе е потребно за добра забава?

За сите вегани – Veganer

Ова е првиот вегански ресторан за брза храна во Сараево на идеална локација каде што ќе пронајдете вкусни јадења за сите кои не консумираат намирници од животинско потекло.

Кога немате идеја што сакате, а сте во потрага по квалитет – Bottega

Списокот се заокружува со ресторанот кој важи за „проверено добар“. Во понудата има секакви јадења со пилешко, но и сите други видови на месо, вклучувајќи и морска храна, паста, но и бројни, вкусни десерти.

Доколку пак не се пронајдете во овие локали, секогаш останува најпроверената и најдобрата опција која ги вклучува познатите, традиционални, сараевски ќебапи.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
„Бев во Босна, со автобус од Скопје патував една ноќ - Сараево ме трогна, а Мостар ме восхити“ „Од Скопје тргнав со автобус во 22 часот ноќта, а веќе наредното утро бевме таму...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg