Посетете го езерото Мантово
Во нашата Македонија има многу места кои вредат да се посетат, да се видат. Едно од тие места кои заслужува да се посети е вештачкото езеро...
...Мантово кое се наоѓа во близина на Радовиш, поточно во близина на општина Конче.
Езерото Мантово зафака површина од 356 хектари или 50 милиони метри кубни.
Температурата на езерото Мантово е 24 степени Целзиусови што го прави погодно во летниот период за различни видови на спортови.
Но, тоа не е единственото нешто кое може да го правите во овој крај. Езерото Мантово изобилува со флора и фауна, со најразлични видови на слатководни риби и птици. Најзастапени риби се: крап, сом, клен, караш, костреш па затоа е честа дестинација на љубителите на риболовот.
На самиот брег од езерото има манастир, исто така во непосредна близина се наоѓа и познатиот рид Чуката кој е неиспитан археолошки локалитет, а воедно е интересен и делот на гранитните карпи кој се со големина од 3 до 15 метри кој создаваат добри услови за качување.
На крабрежјето на Мантово се наоѓаат повеќе викенд куќи.
Па, ако се размислувате да поминете викенд на Мантово, наполнете ги торбите со храна и воопшто не се двоумите, затоа што има многу што да се види и прави.
Му благодариме на Даниел Ефтимов за овој предлог.
Вие во секое време можете да ни праќате ваши статии со предлози за места кои вредат да се посетат во Македонија како и фотографии од истите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Секој петок објавуваме по еден предлог за викенд посета.