4 необични синдроми што ги погодуваат туристите, заради кои некои завршуваат и во болница
Стендалов или фирентински синдром
Овој синдром уште се нарекува и болест на љубителите на уметноста. Можеби звучи романтично, но не е така. Синдромот името го добил според името на францускиот писател Стендал, кој посетата на Фиренца ја опишал со следните зборови:
„Паднав во екстаза од самата идеја дека сум во Фиренца. Срцето ми застана, животот ме напушти, чекорев во страв дека ќе се онесвестам“...
Овој синдром најчесто се јавува кај чувствителните луѓе што патуваат сами – особено кај љубителите на уметноста кои одеднаш се изложени на голема убавина или голем број уметнички дела одеднаш.
Лицата со овој синдром почнуваат да се потат, имаат тахикардија, болки во стомакот. Честопати се случува да страдаат и од екстремна еуфорија.
Индиски синдром
Станува збор за психолошко нарушување што ги погодува лицата од западниот свет и другите развиени земји кои доаѓаат во Индија за побегнат во друга култура која е „чиста и егзотична“ и каде вистинските вредности сѐ уште се сочувани.
Францускиот психијатар Режи Еро во неговата книга „Луди за Индија“ забележува дека сите луѓе што страдаат од овој синдром имаат слични синдроми: илузии дека поседуваат натчовечки моќи, веруваат дека се реинкарнација на некој светец и тврдат дека можат да ги видат своите претходни животи.
Б. С. Б. | Црнобело