10-те најпопуларни дестинации за 2022 + што да посетите наместо нив за да поминете поевтино и да го избегнете метежот
Европските дестинации доминираат кога станува збор за пребарување на Google, па помеѓу 10-те најпопуларни се Париз, Рим и Амстердам. Кои други градови се помеѓу најпопуларните во 2022 година, но и што можете да посетите наместо нив ако не сакате гужви и сакате да поминете поевтино?
Google ја сподели анализата за најпребарувани термини и фрази за 2022 година, а овде се и најпребаруваните дестинации.
Иако има причина зошто некои дестинации се толку популарни и вреди да се посетат, факт е дека ова ги прави примамливи за многу туристи. Па, кога и да отидете, на овие дестинации ќе налетате на толпи од туристи.
За среќа, за секој популарен град постои и помалку позната алтернатива, обично во истата држава, која може да ви ги понуди речиси истите работи, но со помалку туристи, а некогаш и за помалку пари.
Кои се најпопуларните дестинации за 2022-ра, но и што да посетите наместо нив ако не сакате многу гужви?
Лондон, Англија
Лондон е најпребаруваната дестинација на Google за 2022 година.
Секоја година, престолнината на Англија привлекува милиони туристи од целиот свет кои сакаат да ги видат Биг Бен, Бакингемската палата и бројните други знаменитости.
Лондон навистина може да понуди многу, но ако сакате да избегнете гужви, можеби подобро ќе биде да го посетите Јорк.
И Јорк, кој се наоѓа на околу два часа со воз од Лондон, е популарен град со милиони туристи годишно, но сигурно нема да ги сретнете истите гужви како во престолнината.
Фановите на Хари Потер овде ќе ја најдат инспирацијата за изгледот на популарната „Дијагонална уличка“ од серијалот.
Дубаи, Обединети Арапски Емирати
Модерниот град привлекува милиони туристи секоја година со луксузните шопинг центри, градбите кои рушат рекорди, но и многуте ресторани.
Само во првата половина од 2022 година, Дубаи го посетиле речиси 10 милиони туристи.
Ако сакате слично искуство, но со помалку метеж, можеби треба да го посетите Абу Даби наместо Дубаи.
И овде можете да најдете луксузни хотели, ресторани и шопинг центри, но и многу градби кои изгледаат надреално.
Париз, Франција
На третото место се наоѓа главниот град на Франција кој наводно бил посетен од дури 33 милиони туристи во 2022 година.
Париз е една од најпопуларните европски дестинации, па не е ни чудно што има метеж, без разлика во кој период од годината одите.
Ако сакате да ги избегнете гужвите, но сепак да ја искусите културата на Франција, можете да го посетите Лион.
И овде има прекрасни катедрали и градби препознатливи за Франција. Покрај тоа, Лион е градот во Франција во кој ќе ја најдете можеби највкусната автентична храна.
Њујорк, САД
Огромните облакодери, бројните музеи и разновидното население го прават Њујорк мошне уникатен град.
Покрај големиот број жители, секоја година овде доаѓаат и милиони туристи, па метежот е неизбежен дел од градот.
Ако одите во САД и сметате дека не би го поднеле хаосот во Њујорк, можеби повеќе ќе ви се допадне Филаделфија, кој се наоѓа на околу два часа од Њујорк.
И овде можете да видите многу облакодери, да посетите многу музеи и да уживате во вкусот на јадења од целиот свет.
Амстердам, Холандија
На петтото место се наоѓа Амстердам, доста популарна дестинација и за Македонците.
Според Forbes, Амстердам е еден од најпосетените европски градови со над 20 милиони туристи годишно.
За слично искуство, но со помалку метеж, можете да го посетите Утрехт кој е сместен во средниот дел на Холандија.
И овде можете да ги видите уникатните канали, а во голем дел од градот дозволени се само велосипеди – речиси исто како Амстердам.
Можете да видите многу градби – и модерни и историски – да посетите многу музеи и да уживате во вкусна храна.