„Како да си го подобрам животот“: Најпребарувани термини и прашања на Google за 2022 година

Покрај новостите како смртта на кралицата Елизабета и војната во Украина, во 2022 година луѓето најмногу пребарувале како да се променат себеси, како да си го променат животот на подобро и како да го направат светот поубаво место – што друго се пребаруваше на Google оваа година?

kako-da-ja-najdam-mojata-strast-kako-da-si-go-podobram-zhivotot-shto-najmnogu-se-prebaruvashe-na-google-vo-2022-godina-01.jpg

Неодамна Google го објави извештајот за најпребарувани термини во 2022 година. Веројатно и самите претпоставувате дека смртта на кралицата Елизабета, војната во Украина, како и Светското првенство се едни од најпребаруваните теми и настани.

Нормално, овде е и шлаканицата на Вил Смит од Оскарите, како и судењето на Џони Деп и Амбер Херд што беше главна тема на зборување со месеци.

kako-da-ja-najdam-mojata-strast-kako-da-si-go-podobram-zhivotot-shto-najmnogu-se-prebaruvashe-na-google-vo-2022-godina-02.jpg

За среќа, пандемијата веќе стивнува, па коронавирусот не се наоѓа ни во топ 10. За споредба, од 2019 до 2021 година, ова беше еден од најпребаруваните термини, заедно со симптомите, како и ограничувањата во земјите ширум светот.

Најпребаруван термин за 2022 година на глобално ниво е играта Wordle која е хит и кај нас.

kako-da-ja-najdam-mojata-strast-kako-da-si-go-podobram-zhivotot-shto-najmnogu-se-prebaruvashe-na-google-vo-2022-godina-03.jpg

Од Google направија и видео во кое го сумираат извештајот, истакнувајќи ги некои од најличните прашања што биле пребарувани.

Според видеото, дефинитивно доминирале прашањата поврзани со личниот развој. Прашања како „Дали можам да се променам?“, „Дали можам да си го променам животот?“, „Дали можам да ја променам кариерата?“ и „Како да ја најдам мојата страст?“ покажуваат дека повеќето луѓе сакаат да си го подобрат животот и да станат најдобрата верзија до себе.

kako-da-ja-najdam-mojata-strast-kako-da-si-go-podobram-zhivotot-shto-najmnogu-se-prebaruvashe-na-google-vo-2022-godina-04.jpg

Луѓето пребарувале и прашања како „Дали сè е возможно?“ и „Како да станам бестрашен?“, што значи дека сите се подготвени да ги направат потребните промени не само за себе, туку и за да го направат светот подобро место за живеење.

И покрај лошото влијание од пандемијата, војните и бројните катастрофи, овие пребарувања покажуваат дека луѓето никогаш не губат надеж, дури ни во најлошите мигови.

kako-da-ja-najdam-mojata-strast-kako-da-si-go-podobram-zhivotot-shto-najmnogu-se-prebaruvashe-na-google-vo-2022-godina-05.jpg

Овие пребарувања се ништо помалку од инспиративни и се знак дека навистина можеме да го направиме светот многу поубав.

„За сите кои го гледаат светот не таков каков што е, туку таков каков што може да биде, продолжувајте да барате“, порачуваат од Google во видеото.

;

Во продолжение, дел најпребаруваните термини според теми, а целата листа можете да ја погледнете ТУКА:

Најпребарувани термини:

  • Wordle
  • Индија vs. Англија
  • Украина
  • Кралицата Елизабета
  • Индија vs. Јужна Африка

Најпребарувани вести:

  • Украина
  • Смртта на кралицата Елизабета
  • Резултати од избори
  • Резултати од Powerball (американска лотарија)
  • Мајмунски сипаници

Најпребарувани личности:

  • Џони Деп
  • Вил Смит
  • Амбер Херд
  • Владимир Путин
  • Крис Рок

Најпребарувани филмови:

  • Thor: Love and Thunder
  • Black Adam
  • Top Gun: Maverick
  • The Batman
  • Encanto

Најпребарувани серии:

  • Euphoria
  • House of the Dragon
  • Moon Knight
  • The Watcher
  • Inventing Anna

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg