7 Најевтини европски градови

7-najevtini-evropski-gradovi-povekjeНа сајтот Xpatulator може да се најдат 300 градови рангирани според трошоците на живот, подредени во 13 категории, вклучувајќи ја храната, трошоците...


...за домување, рекреација, образование и медицинска нега.

Ни малку не нè изненадува фактот дека 7-те најевтини градови за живот се наоѓаат во источна Европа.

7. Кишњев, Молдавија

7-najevtini-evropski-gradovi-1

Валутата е молдавска леа, но се планира воведување на еврото. Јазикот е молдавски. Евтина е робата за широка потрошувачка и алкохолот. Топлите лета и благите зими создаваат идеални услови за одгледување на грозје, па овде се прават одлични вина. Странците тешко наоѓаат работа, а околу 25% од молдавците работат во странство.

6. Букурешт, Романија

7-najevtini-evropski-gradovi-2

Валута е леата. Јазикот е романски. Евтини се алкохолот и цигарите. Некогаш познат како мал Париз, Букурешт е дом на електричната култура која подразбира одличен ноќен живот, бројни музеи, одлична архитектура и бројни фестивали во текот на целата година.

5. Скопје, Македонија

7-najevtini-evropski-gradovi-3

Нашиот главен град исто така котира на оваа листа. Кај нас евтини се рекреацијата, културата и рестораните. Големиот земјотрес во 1963 година уништи голем дел од архитектурата, но градот денес е повторно изграден и може да се пофали со бројни нови градби. За странците, нудиме и феноменален ноќен живот.

4. Приштина, Косово

7-najevtini-evropski-gradovi-4

Валута евро. Јазикот е претежно албански. Евтини се образованието и робата за широка потрошувачка. Во лето многу време се поминува во терасите на кафулињата и поентата е да бидете видени, а не да пиете кафе.

3. Софија, Бугарија

7-najevtini-evropski-gradovi-5

Валутата е бугарскиот лев. Јазикот е бугарски. Евтина е струјата, изнајмувањето на станови и таксито. Софија е многу добро позиционирана, блиску до Црното море и Турција. Градот не е голем и лесно можете да го пропешачите и разгледате.

2. Тирана, Албанија

7-najevtini-evropski-gradovi-6

Валутата е лек. Јазикот албански. Евтина е робата за широка потрошувачка, здравствената и личната хигиена. Со секојдневните енергетски хаварии и непостоењето на  железница, Тирана не е баш пристапно место за живот.

1. Сараево, Босна и Херцеговина

7-najevtini-evropski-gradovi-7

Валутата е конвертабилна марка. Јазиците се српски, хрватски и босански. Евтино е образованието и трошоците за домување. Сараево може да се опише како мал град или големо село. Видливи се проблемите од после военото обновување.

Би можело да ве интересира:

Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
Највкусната улична храна низ Европа (што треба да ја пробате) Палачинки во Франција, трделник во Чешка и, секако, бурек во Македонија – која в...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg