„Работам на крузер повеќе од 7 години – што треба да знаете ако првпат одите на вакво патување?“
Има многу можности за забава
Ерика истакнува дека луѓето кои првпат одат на патување со крузер не се свесни за можностите за забава што им се достапни.
На крузерот има програма и во текот на денот, и навечер, само треба да проверите што вие забавно вам.
Користете го дневниот планер на крузерот
Секоја вечер гостите добиваат планер, односно распоред за следниот ден и Ерика вели дека треба да го искористите максимално.
Ове ќе ги најдете сите потребни информации, како попусти и зделки, настани, па дури и временска прогноза.
Паметно испланирајте ја облеката што ќе ја носите
Немојте да спакувате само летни фустанчиња, бидејќи ноќите на бродот можат да бидат студени.
Покрај тоа, имајте предвид дека некогаш има и тематски забави, па однапред проверете ги за да понесете соодветна облека.
Но, не заборавајте дека нема строг кодекс на облекување и кога станува збор за тематските забави, не е задолжително да се облечете соодветно.
Одете на екскурзиите на копно
Немојте да ги испуштате екскурзиите на копно бидејќи само вака ќе имате можност да ги видите сите места на коишто се закотвува бродот.
Има многу храна и во главната трпезарија можете да порачате колку што сакате
Храната во главната трпезарија е вклучена во цената и на повеќето крузери можете да си нарачате колку што сакате, без дополнителни трошоци.
Ерика советува да не се плашите да пробате сè што ви изгледа вкусно и примамливо.
Спирова С. | Црнобело