Не е срамота да нарачате само кафе и да седите со часови - Грк споделува совети за културно однесување за туристите

Студените кафиња најчесто ќе ги најдете со ознаката „freddo“. Без разлика дали е еспресо, капучино или фрапе, ако го видите зборот „freddo“ тоа значи дека во него има мраз.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-19.jpg

Во Грција се излегува по 22.30 часот. Не брзајте да влезете во баровите или во клубовите пред 22.00 часот, освен кога не сте сигурни дали ќе најдете маса за седење.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-17.jpg

Ако одите во цркви и во манастири, облечете се соодветно. Во храмовите е некултурно да влегувате во бикини и во апостолки.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-07.jpg

Немојте да крадете овошје од туѓите дворови што ќе ги сретнете по пат. Ако има некој во дворот, замолете го да ви даде од овошјето, сигурно ќе ви наполни да имате и за по пат, затоа што ќе го ценат тоа што прво сте ги прашале дали може да земете.

ne-e-sramota-da-narachate-samo-kafe-i-da-sedite-so-chasovi-grk-spodeluva-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-25.jpg

Од 14:30 до 17:30 Грците вообичаено имаат сиеста. Во тој период голем број од продавниците се затворени, а локалното население сака да одмори. Во тој период од денот потребно е да бидете потивки (доколку престојувате на место каде има голем број локално население) и одморете се.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-10.jpeg

Во Грција, сообраќајните правила, луѓето ги сфаќаат само како препораки, па особено е важно да бидете внимателни. Грците се озлогласени како мошне лоши возачи.

Исто така, треба да имате предвид дека на пешачки премин речиси никој не застанува, сѐ додека не застанете среде улица. Затоа потребно е да бидете мошне внимателни ако пешачите низ грчките градови.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-06.jpg

Броевите на итните служби во Грција се - полиција: 100, брза помош 166, противпожарна служба 199.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-16.jpg

На плажа не влегувајте во вода веднаш по оброк. Почекајте 1, 2 или 3 часа пред да влезете во вода и пливајте со празен стомак. Ако сте најадени ќе се изморите многу побрзо и постои опасност да се удавите.

Исто така, ако забележите дека ветерот дува во спротивен правец од плажата и кон отворено море, не се оддалечувајте премногу од брегот. Морските струи може брзо да ве повлечат.

kafeto-vo-restoran-mozhe-da-go-piete-so-chasovi-grk-so-soveti-za-kulturno-odnesuvanje-za-turistite-vo-negovata-zemja-14.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg