Не е срамота да нарачате само кафе и да седите со часови - Грк споделува совети за културно однесување за туристите
Не велиме „опа“ и не кршиме чинии и додека играме сиртаки постојано. Ако седнувате во кафуле не мора да го испиете кафето и веднаш да избегате - уживајте си во муабетот. Грците не ги почитуваат сообраќајните знаци и често се лоши возачи, а никој не застанува на пешачки... Грк споделува совети за неговата земја кои ќе им бидат од корист на туристите.
Во лето Грција е атрактивна туристичка дестинација како за балканските, така и за голем број странски туристи, а еден анонимен Грк на Reddit објави подолг текст во кој им објасни на сите туристи како треба да се однесуваат во неговата земја и открива што е сосема нормално во Грција.
Некои од најинтересните совети на овој Грк:
Не одете во Миконос, Санторини и другите места што се стапици за туристи.
Знаеме дека сите сакате магични фотографии од Грција, но не мора да потрошите цело богатство за тоа, нели. Ние Грците, ги избегнуваме тие места затоа што знаеме дека таму сѐ е скапо. Можете да го посетите Наксос или Парос/Антипарос.