„Бев на еден ден во Валенсија - за 2 евра уживав во најубавиот поглед на градот, а не можев да се наситам од паеља“

Кармен е населба во која живеат приближно 500 мачки, па во нивна чест била создадена една мала куќичка за мачки. 

eden-den-vo-valensija-shpanija-ne-smeete-da-si-odite-bez-da-ja-probate-paeljata-i-nivniot-tradicionalen-koktel-08.png

eden-den-vo-valensija-shpanija-ne-smeete-da-si-odite-bez-da-ja-probate-paeljata-i-nivniot-tradicionalen-koktel-07.png

Разгледајте го музејот на ликовни уметности (Museo de Bellas Artes)

Од другата страна на истата улица со куќичката за мачки се наоѓа музејот на ликовни уметности каде што влезот е бесплатен.

Ќе можете да видите дела од Веласкез, Гоја или Сорола, меѓу други извонредни уметници на шпанското сликарство, како и готското, италијанското и фламанското сликарство.

eden-den-vo-valensija-shpanija-ne-smeete-da-si-odite-bez-da-ja-probate-paeljata-i-nivniot-tradicionalen-koktel-10.png

eden-den-vo-valensija-shpanija-ne-smeete-da-si-odite-bez-da-ja-probate-paeljata-i-nivniot-tradicionalen-koktel-09.png

Прошетка низ градината Турија (Jardín del Turia) до Градот на уметностите и науките (Ciudad de las Artes y les Ciencias)

Додека шетате низ градината, ќе го здогледате Градот на уметностите и науките кој привлекува внимание веднаш штом ќе му пријдете поради неверојатната архитектура на Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела во која доминираат белите и сините нијанси.

eden-den-vo-valensija-shpanija-ne-smeete-da-si-odite-bez-da-ja-probate-paeljata-i-nivniot-tradicionalen-koktel-11.png

Овде можете да ги посетите и музеите, а посетата би траела од 3 до 4 часа во зависност од вашиот интерес и мотивација. Има три музеи: Музеј на хемисферата, Музеј на науката и Океанографски музеј, а цените варираат во зависност од музејот (од 8 до 33 евра).

Најдобро би било да ги купите билетите онлајн за да избегнете редици и непотребно чекање. 

eden-den-vo-valensija-shpanija-ne-smeete-da-si-odite-bez-da-ja-probate-paeljata-i-nivniot-tradicionalen-koktel-12.png

Завршете го денот со тапас и пиво или традиционален коктел Agua de Valencia

Завршете го денот со одлични тапас и пиво, а можете сами да одберете во кој бар или ресторан сакате да седнете бидејќи изборот е голем!

eden-den-vo-valensija-shpanija-ne-smeete-da-si-odite-bez-da-ja-probate-paeljata-i-nivniot-tradicionalen-koktel-13.png

Ако сакате коктели, пробајте го и традиционалниот коктел Аgua de Valencia кој содржи сок од портокал, џин, водка и шампањско. Секако, не морате да чекате до вечер за да пробате различни видови тапас или пијалаци. Уживајте во вкусовите преку целиот ден!

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

M. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg