Од 200 до 1.500 евра за ноќевање: Луксузни ресорти на Халкидики често посетувани и од Македонците

На втор крак:

1. Danai Beach Resort & Villas, Никити

Веројатно еден од најскапите ресорти на Халкидики - со 3 ресторани во кои храната ја подготвуваат врвни готвачи, сопствена винарија и бар. Приватна плажа во прекрасен залив, соби со приватни базени, тениски терен, теретана...

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite15.jpg

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-16.jpg

2. Anthemus Sea Beach Hotel & Spa, Елиа

Прекрасна песочна плажа во залив, 3 базени и два ресторани. Идеален за парови и семејства со деца бидејќи нуди и анимација за најмалите.

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite02.jpg

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-17.jpg

3. Ammoa Luxury Hotel & Spa, Никити

Отворен во мај годинава (2022), новиот луксузен ресорт на Халкидики, нуди врвен дизајн, 3 ресторани, спа и фитнес центар, прекрасна плажа и соби со приватен базен.

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-18.jpg

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-19.jpg

4. Ekies All Senses Resort, Вурвуру

Еден од најуникатните ресорти на вториот крак во заливот Вурвуру, со приватна плажа и бел прекрасен песок. Бар, ресторан и спа, дизајнерски соби во бохо стил, природни сенки - идеален за релаксација и вистинско уживање. 

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite10.jpg

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-20.jpg

5. Antigoni Beach Resort, Ормос Панагиас

Сместен на плажата Трани Амудиа, овој фамилијарен грчки ресорт нуди соби и бунгалови со поглед на море, спа и фитнес центар, базен. 

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite23.jpg

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-21.jpg

6. Порто Карас Мелитон, Неос Мармарас

Во моментов работи само еден од хотелите во Порто Карас, Мелитон. Опкружен со борова шума, природни сенки, чиста плажа, базени за деца и возрасни, сопствена винарија, можност за јавање коњи.

Идеален за прошетки во марината, буквално нема потреба да одите никаде, овде имате се.

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-23_2.jpg

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-23_1.jpg

На трет крак, Атос:

1. Eagles Palace, Уранополи

Елегантно сместување, плажа со златен песок и кристално чисто мирно море, 6 ресторани и 5 барови. 

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-23_1.jpg

od-200-do-1500-evra-za-nokevanje-luksuzni-resorti-na-halkidiki-cesto-posetuvani-i-od-makedoncite-23_2.jpg

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg