Од 200 до 1.500 евра за ноќевање: Луксузни ресорти на Халкидики често посетувани и од Македонците
Иако можеби не се идеални како ресортите во Турција, и речиси и да не можат да се споредуваат со нив, во последниве години Грција се обидува да го подобри нивото на луксуз во хотелите со 4 и 5 ѕвезди.
Направивме листа на некои од најубавите ресорти на Халкидики, најчесто посетувани од Македонци кои имаат можност да уживаат во луксузот на грчките убавини, Руси, Германци, Срби, Англичани...
Најчесто на нивната понуда е опција сместување со појадок, или полупансион, а ретко се нуди и опцијата „сè вклучено“.
Цените во сезона за ноќевање за двајца започнуваат од 200 евра па нагоре (зависно од типот на соба и оброците), а во некои, како што е Danai Beach Resort & Villas, може да чини и до 1.500 евра од ноќ.
Ве водиме на кратка прошетка низ неколку луксузни ресорти на Халкидики.
На првиот крак, Касандра:
1. Aegean Melathron Thalasso Spa Hotel, Калитеа.
Лоциран е на 3km од Калитеа. Во самиот комплекс има 4 ресторани и 6 барови. Доколку не сакате да бидете предалеку од плажата, при резервација, барајте соба во долниот дел од хотелот (под патот).
2. Crystall Villas and Suites, Полихроно
Сместени се на 1km од ценатрот на Полихроно. Ресортот има 12 вили (секоја со сопствен приватен базен), 3 луксузни соби, еден ресторан и два бара.
3. Laguna Resort Boutique Hotel, Ханиоти
18 луксузно опремени соби, базен со бар и таверна со врвна храна.
4. Domes Noruz Kassandra - Adults Only, Ханиоти
Соби и бунгалови со прекрасен поглед на море. Од годинава ребрендиран.
5. Mirragio Thermal Spa Resort, Паљури
На самиот крај на првиот крак, под прекрасна борова шума, сместен е еден од најубавите ресорти на Халкидики. 8 ресторани, 5 барови, марина, анимација за деца - одличен за фамилии.