Италијански фотограф: „Македонија не ми беше дури ни на листата на првите 50 земји кои сакам да ги посетам - но бев и ми се допадна“

Охрид, според мене, е едно од најубавите места во оваа држава.

На пат кон Охрид може да го посетите и скијачкиот центар Маврово, кој има езерце со црква во него. За, жал јас кога бев езерото беше многу пресушено и повлечено.

italijanski-fotograf-makedonija-ne-mi-beshe-duri-ni-na-listata-vo-prvite-50-zemji-koi-sakam-da-gi-posetam-no-bev-i-mi-se-dopadna-06.jpg

Недалеку од Охрид ќе го пронајдете и Преспанското Езеро. Ова не е многу популарна туристичка дестинација, но ќе видите прекрасни пејзажи и ќе запознаете локалци. Дефинитивно е место што треба да го посетите.

Таму ќе го видите и единствениот остров во Македонија „Голем Град“ или т.н. „Змиски Остров“. Зошто ова име? Затоа што е дом на разни видови змии. Островот е ненаселен.

italijanski-fotograf-makedonija-ne-mi-beshe-duri-ni-na-listata-vo-prvite-50-zemji-koi-sakam-da-gi-posetam-no-bev-i-mi-se-dopadna-07.jpg

За време на посетата немав никакви проблеми и искрено во Скопје се чувствував побезбедно отколку во Милано.

Да се оди во Македонија не е само одење на одмор, туку е како да патувате назад во минатото. И во некои места чувствувате како времето да запрело. Контрастот помеѓу Скопје и некои други места во земјата понекогаш е дури шокантен, во некои места има луѓе што уште користат коњи како превозно средство.

Македонија е сиромашна земја, каде стапката на невработеност е висока и стандардот на живот е многу висок за тие што живеат таму.

Сиромаштијата јасно се гледа и во центарот на Скопје и за жал загадувањето е голем проблем.

italijanski-fotograf-makedonija-ne-mi-beshe-duri-ni-na-listata-vo-prvite-50-zemji-koi-sakam-da-gi-posetam-no-bev-i-mi-se-dopadna-09.jpg

Иако животот знае да им биде тежок, луѓето таму се прекрасни. Има соживот и цркви и џамии едно до друго. Одлично сторено Македонија!“

italijanski-fotograf-makedonija-ne-mi-beshe-duri-ni-na-listata-vo-prvite-50-zemji-koi-sakam-da-gi-posetam-no-bev-i-mi-se-dopadna-08.jpg

Целото искуство на Фабио прочитајте го на неговиот блог ТУКА.

С. С. | Црнобело / фото: Фабио Нодори



Би можело да ве интересира:

„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg