Кратка прошетка во Хонолулу

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-povekjeХонолулу или во превод заштитениот залив, е главен град и пристаниште на американската сојузна држава Хаваи. Сместен е на јужниот брег...


...на островот Оаху и има 371.657 жители.

Климата е топла, со просечна температура меѓу 20 и 30 степени Целзиусови, а во самиот залив на овој град сместени се големи плантажи шеќерна трска и ананас.

Ако се одлучите да патувате на едно од најпопуларните места на светот, ви препорачуваме тоа да биде од април до јуни и од август до октомври кога цените се малку пониски, што има големо значење ако се одлучите да останете барем малку подолго.

Инаку, не се препорачува да седите помалку од 5 дена, со оглед на тоа колку е далеку, временската разлика, и времето потребно да се привикнете на климата, а да не спомнуваме и сè што треба да видите и посетите на Хаваите.

Најпознато туристичко место е плажата Ваикики, и секогаш е преполна со туристи. Но, сепак и овде може да си најдете ќоше каде ќе може да уживате во тишина. Оваа плажа е идеално место за капење и сурфање.

Тука е и плажата Ала Моана Парк со големи зелени површини, совршена за семејства и мирно пливање.

Хонолулу вреди да се посети пред се заради гостопримливите домаќини. Овде навистина ќе се чувствувате опуштено и пријатно.

Музејот со хавајски артефакти е едно од местата за кое треба да одвоите неколку часа.

Што уште овде вреди да се види:

- Аквариумот Ваикики

- Театарот Хаваи

- Зоолошката градина во Хонолулу

- Национална меморијална гробница на Пацификот

- Палатата Лолана

- Академијата на уметности во Хонолулу

- Музејот Бишоп

- Ботаничките градини Фостер

- Дијамантската глава

- Паркот Капиолони

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-1

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-2

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-3

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-4

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-5

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-6

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-7

honolulu-zastiteniot-zaliv-vo-tihiot-okean-8

 

Би можело да ве интересира:

Подземен град, летање со балон - Зошто треба да ја посетите Кападокија? Кападокија е местото каде што природата и историјата се спојуваат и ги создаваат...
Чунгкинг во Кина е најлудиот град во светот – На покривите има бензински пумпи (видео) Ако некогаш го посетите Чунгкинг, ќе имате чувство како да сте зачекориле во мес...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg