„Бев на патување во Анталија – зошто топло ја препорачувам како дестинација за одмор?“

Некои од ресортите ќе ве воодушеват со местоположбата среде зеленило, каде ќе ве буди песната на птиците, други со пространите плажи, а трети со модерниот ентериер и со тоа што за сечиј вкус има по нешто и тоа од Кемер до Лара (Кунду), преку Белек и Сиде, па до Аланија.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-29.jpg

Мене ме воодушеви огромната планина која се надвиснуваше над морето во Кемер и му даваше живописен изглед на овој реон, а како што слушнав и го прави најпријатен за престој во летниот период, со малку пониски температури од останатите.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-34.jpg

Потоа, следуваа исто така одличните Лара (Кунду) и Белек, каде ресортите имаат дури и голф терени или сопствени тениски игралишта, модерниот град Анталија, па совршениот стар град во Сиде, каде нема да можете да се наситите од магијата на легендите кои ќе ги слушнете на калдрмата чекорејќи крај морето и на крај од пространите песочни плажи во Аланија, гратче чиј централен дел, преполн шарени тезги со чајчиња, локум и зачини, како и магнети и разни украси ќе ве задржи со часови, жедни да истражувате по неговите улички.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-49.jpg

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-11.jpg

Се разбира, покраината Анталија има и современи трговски центри за оние кои замислуваат поинаков тип на шопинг, а пак речиси секој од ресортите има и диско за забавата да биде комплетна.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-08.jpg

bev-na-patuvanje-vo-antalija-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-112.jpg

Нормално, во нивен склоп има и по низа ресторани, врвни кафулиња, бутици, фризерници и што уште не. Практично личат како мини верзија на гратче.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-40.jpg

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-35.jpg

Но, мора да признаам дека лично мене најмногу ме воодушеви посетата на Аквариумот во Анталија и тематскиот парк „The Land of Legends“.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-32.jpg

Во Aквариумот во Анталија се наоѓа најдолгиот тунел на светот од дури 131 метар, каде чекорите додека од сите страни ве опкружува морски свет. Има огромен број на ајкули, па дури и цели потопени автомобили за уникатен изглед на оваа реплика на морско пространство.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-18.jpg

Може да храните и ражи со ракчиња, како и со шишенце да храните други видови на риби. Уникатно искуство, дефинитивно!

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-15.jpg

Од друга страна пак, тематскиот парк „The Land of Legends“ ми донесе друг тип на забава, адреналин и возбуда.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-03.jpg

Се возев на најадреналинскиот ролеркостер досега и колку и да ве застрашува ова искуство, топло ви препорачувам да се осмелите. Потоа, тука беше базенот со бранови, па ролеркостер кој завршува во вода, па мрзливата река и што уште не.

bev-vo-antalija-od-skopje-letav-prvo-do-istanbul-zoshto-toplo-ja-preporachuvam-kako-destinacija-za-odmor-22.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg